Зошто е добро да консумирате мака?

Зошто е добро да консумирате мака?

Колку често ви се случува да колабирате во текот на работниот ден помислувајќи дека ви е неопходна нова доза кафе? На многумина ни треба кофеинот за да функционираме, но штом не го внесеме, телото ни дава знак дека му е потребно. Тоа е и нормално, кофеинот е стимуланс, помага во намалување на физичкиот замор и одржување на менталната будност. Но, што ако би можеле да го замените кофеинот со природна состојка која ги нема негативните ефекти кога не се внесува редовно? Можете, со растението кое се вика мака.

Зошто е добро да консумирате мака?

Коренот мака, познат и како перуански жен-шен е моќно растение кое расте во Боливија и Перу. Маката била одгледувана илјадници години во Перу и продолжува да се користи како коренесто растение и како медицинска билка. Коренот прво се суши, после што се меле и се продава во форма на прашок.

Бидејќи има јак, моќен вкус, најдобро е да се комбинира во смуди, енергетски стапчиња, десерти, јогурт и чоколадо. Ова растение е богато со стероли, содржи многу витамини, минерали (железо, калциум, селен, фосфор, магнезиум и цинк), како и диететски влакна, аминокиселини (протеин) и комплексни јаглехидрати.

Маката дава енергија и издржливост. Го намалува заморот, го балансира телото за да му помогне да го совлада стресот и го енергизира по природен пат, без крахирање.

Кај мажите, маката ја зголемува издржливоста и силата, а го покачува либидото и кај двата пола. Кај жените, покажано е дека ја зголемува плодноста, помага во намалување на менструалните симптоми, придонесува за редовен циклус, и го воспоставува хормоналниот баланс при менопауза.

Делува и на плодноста кај мажите, бидејќи влијае на нивото на тестостерон, бројот и подвижноста на сперматозоидите и делува како одличен афродизијак.

Исто така, маката го намалува бројот и интензитетот на главоболките, позитивно влијае во случаи на депресија и анксиозност, го јакне имунитетот и го забавува процесот на стареење. Всушност му помага на телото подобро да се справува со надворешни и внатрешни влијанија како што се вознемиреноста и физичките повреди.

Па, дами и господа, откажете ги прегледите за плодност и набавките на вијагра. Набавете мака и консумирајте ја за да бидете витални, полни со енергија, плодни, со здраво либидо и со целосен баланс на вашето тело.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. M Reply

    Јас за користам маката и навистина има ефекти. 🙂

  2. Zanka Reply

    Kade moze da se najde?

    • М Reply

      Можеш да ја најдеш во БИОкулт. 🙂 Се наоѓа на вториот кат во ГТЦ. 🙂

  3. Kris Reply
  4. Jas Reply

    Ja koristam makata i konecno imam bezbolni ciklusi! Vo statijata pisuva deka moze da se stava vo jogurt, no koga ja kupuvav mi rekoa deka ne smee da se mesa so mlecni proizvodi nitu vo topli napitoci. Ne znam zosto, no mislam deka e korisna informacija 🙂

Напиши одговор на М Откажи одговор