Совети за одгледување декоративна виолетова детелина

Совети за одгледување декоративна виолетова детелина

Детелината со четири листови се смета за симбол на среќа насекаде во светот, а дали досега сте виделе виолетова детелина?

Совети за одгледување декоративна виолетова детелина

Виолетовата декоративна детелина која се одгледува во саксии, во дворови и балкони, е исклучително убаво и романтично растение, а кога ќе погледнете како го облагородува вашиот простор, сигурно ќе ја разбуди среќата во вас.

Може да се одгледува во затворен простор како домашно растение или на отворено, во жардинери. Растението е преубав украс околу фонтани и вештачки езера.

Листовите во форма на срце можат да бидат зелени или виолетови. Интензитетот на нивната боја зависи од изложеноста на сончева светлина. Има и мали цветови кои можат да бидат бели, жолти и розови. Високите цветни стебленца им обезбедуваат на цвеќето доволно сонце бидејќи се наоѓаат над лисјата.

За време на садењето изберете супстрат кој е богат со органска материја. Не сака вишок на влага во зоната на коренот и треба да му се обезбеди добро исцедена почва или подлога во садот. За местото на садење изберете сончеви позиции или прозорци на јужната страна. Не толерира силна сенка. Во северните предели, поволно е растенијата да бидат што повеќе изложени на сонце, додека на југ, благата сенка е подобар избор. Полесно поднесува кратки сушни периоди од дождливите денови. Не поднесува мраз, екстремно високи и ниски температури.

По цветањето, отстранете ги исушените цветови и цветните стебленца. Ако листовите се суви, исечете ги со ножици еден до два сантиметри повисоко од основата на растението. Во лето преместете го растението во сенка, особено кога температурите се екстремно високи. Престанете да го полевате два до три месеци за да се подготвите за зимата. Ако не можете да го преместите, тогаш покријте го со прекривка.

Семето на декоративната детелина се сее напролет, на растојание од еден сантиметар и се покрива со тенок слој супстрат кој треба да биде умерено влажен. Младите корени бараат повеќе влага од постарите.

Откако ги прочитавте нашите совети за одгледување на декоративната виолетова детелина, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие совети за одгледување герании.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар