Внесете нова здрава навика – овес за појадок!

Внесете нова здрава навика – овес за појадок!

Овесот е житно растение кое потекнува од Русија, но во поново време се произведува и во САД, Канада и дел од земјите на Европа. Од останатите житни растенија се издвојува по количеството влакна кои ги содржи, огромната хранлива вредност и други позитивни ефекти по здравјето. Токму поради неговиот состав, привлекува големо внимание и е тема на многу студии кои ја покажуваат поврзаноста на овесот со здравјето. Еве неколку причини зошто овесот да биде вашиот нов здрав појадок!

Внесете нова здрава навика – овес за појадок!

1. Го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта

Високото ниво на холестерол во крвта е познато како „проблем на денешницата“ кој не бира возраст, пол и раса и многу често е на листата ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања.

Холестеролот во крвта е во форма на LDL (лош холестерол) и HDL (добар холестерол). Позитивно е кога имаме ниски нивоа на LDL и високи нивоа на HDL – тоа значи дека нивото на холестерол во крвта е нормално и дека ризикот за кардиоваскуларни заболувања е низок. Овесот се вбројува на листата намирници кои го намалуваат нивото на LDL поради високото ниво на специфични влакна – бета-глукани.

Внесете нова здрава навика – овес за појадок!

Уште еден заклучок кој може да го изнесеме од тука е дека ниското ниво на LDL во крвта влијае позитивно врз крвниот притисок и го намалува ризикот за развој на коронарна болест на срцето.

2. Го намалува ризикот за развој на колоректален карцином

Колоректалниот карцином е сѐ почеста појава кај пациентите, особено во Велика Британија и Холандија. Тоа ги натерало овие научници да истражат дали консумирањето повеќе храна богата со влакна ќе го намали ризикот. Меѓу храната која ја јаделе испитаниците бил овесот. Резултатите покажале дека само 10 грама повеќе храна богата со влакна дневно, го намалува ризикот за развој на колоректален карцином за 10%.

Внесете нова здрава навика – овес за појадок!

3. Помага при варење на храната

Богатата хранлива вредност на овесот го прави одлична замена за квалитетен појадок. Денес постојат многу рецепти за комбинација на овесот во слатки и солени рецепти. Повторно, влакната кои ги содржи овесот помагаат за подобро варење на храната, ја подобруваат работата на цревата и го олеснуваат нивното празнење. Луѓето кои редовно го користат овесот, сведочат дека се чувствуваат подобро, немаат проблем со надуеност или чувство на тежина во стомакот.

Внесете нова здрава навика – овес за појадок!

Автор: Катерина Каланоска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар