Идеални за појадок: Рецепт за здрави колачиња со овес

Идеални за појадок: Рецепт за здрави колачиња со овес

Денес ви споделуваме рецепт за здрави колачиња од овес кои се идеален избор за појадок!

Идеални за појадок: Рецепт за здрави колачиња со овес

Потребни состојки:

  • 250 милилитри путер од кикирики
  • 180 грама овесна каша
  • 120 грама ореви
  • 65 милилитри мед или јаворов сируп
  • 3 банани
  • 1 лажичка цимет во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

1. Излупете ги бананите и ставете ги во сад заедно со путерот од кикирики, медот, циметот и екстрактот од ванила. Со миксер изматете ги состојките за да добиете еднолична смеса.

2. Додадете ја овесната каша и сечканите ореви и сè убаво измешајте.

3. Добиената смеса префрлете ја во сад за печење.

4. Тортата се пече во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 30 минути. Добар апетит!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за неодолив пудинг со кафе крем.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар