Вкусна торта со бело чоколадо по повод Денот на вљубените

Вкусна торта со бело чоколадо по повод Денот на вљубените

Направете вкусна торта за Денот на вљубените! Рецептот е многу лесен, а сигурно ќе уживате и во вкусот.

Вкусна торта со бело чоколадо по повод Денот на вљубените
Потребни состојки:

  • 380 гр ситно сечкано бело чоколадо
  • 300 милилитри кондензирано млеко (засладено или додајте засладувач по избор и вкус)
  • црвена боја за храна
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • украсете по избор

Начин на подготовка:

  1. Во тава за печење ставете хартија за печење и ставете ја тавата настрана.
  2. Во голем сад измешајте 150 милилитри кондензирано млеко и 190 грама сечкано чоколадо. Ставете ги 20 секунди во микробранова печка.
  3. Во оваа смеса ставете половина лажичка екстракт од ванила и боја.
  4. Ставете ја смесата во тава и оставете ја да стои во фрижидер 30 минути.
  5. Останатото кондензирано млеко и чоколадото ставете ги во друг сад, а потоа ставете ги 20 секунди во микробранова печка.
  6. Откако црвената смеса ќе ја извадите од фрижидер, врз неа ставете ја белата смеса.
  7. Оставете ја во фрижидер околу 2 часа.
  8. Потоа украсете по избор и прославете го Денот на вљубените!

Прочитајте за овие 11 намирници што треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчки.

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар