Вкусен и префинет: Рецепт за чоколаден мус со карамелизирани пуканки

Вкусен и префинет: Рецепт за чоколаден мус со карамелизирани пуканки

Понекогаш, доволна е малку фантазија кога станува збор за готвењето, па затоа денес ви споделуваме рецепт за едноставен, но префинет рецепт за чоколаден мус со карамелизирани пуканки. Доволни ви се украсни чаши за десерт за да биде целосен ефектот!

Вкусен и префинет: Рецепт за чоколаден мус со карамелизирани пуканки

Потребни состојки:

  • 400 грама темно (70% какао) чоколадо, ситно сечкано
  • 200 грама бело чоколадо, ситно сечкано
  • 200 грама млечна чоколада, ситно сечкана
  • 4 белки
  • 250 милилитри шлаг
  • 250 милилитри врела вода
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 110 грама шеќер во прав
  • 125 милилитри виски
  • 2 лажички кардамон
  • 3 големи чаши карамелизирани пуканки

Начин на подготовка:

1. Ставете ги во блендер чоколадото и зовриената вода и мешајте додека не се стопи целосно чоколадото. Додадете ги белките и мешајте додека смесата не се изедначи, а потоа додадете ги шлагот и ванилата. Префрлете ја смесата во чашите за десерт и оставете ја настрана да се излади.

2. Во тенџере на средна температура ставете ги шеќерот, вискито, кардамонот и 60 милилитри вода и оставете да зовријат. Мешајте сè додека не се раствори шеќерот, па варете на тивок оган 10-12 минути или додека малку да згусне. Оставете го садот настрана, додадете ги пуканките и измешајте ги. Додадете ги пуканките во секоја од чашите со чоколадна смеса и послужете. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за лесен чоколаден мус.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар