Узбекистански народен рецепт против гастритис

Гастритисот е многу честа појава, која започнува со болки во горниот дел од стомакот, проследени со мачнини и киселини. Таквите симптоми најчесто се појавуваат по консумација на тешко сварлива храна, а набрзо по појавата, симптомите се повлекуваат сами од себе. Но, доколку чувствувате мачнини подолго време тогаш голема е веројатноста да се развил гастритис. Станува збор за воспаление на слузницата на желудникот, којашто може да претставува голем проблем. Оваа состојба се лекува и потребно е да се воведе нов начин на исхрана. Но, секогаш во природата постојат одредени алтернативи, кои секако не ги заменуваат класичните лекови и лекарската помош, но можат да ги ублажат симптомите и последиците.

(1) Узбекистански народен рецепт против гастритис

Во народната традиција на Узбекистан постои еден многу ефективен лек против гастритис, кој се подготвува едноставно, а придобивките од него се големи. Рецептот може да се најде во збирката на Мухамад Хамрајев, претседател на Академијата на народна медицина на Узбекистан.

Потребни состојки:
  • 1/2 слатка тиква
  • 2 кафени лажици мед
  • 1 кафена лажичка јаболков оцет
Начин на подготовка:

Излупете половина тиква и исечкајте ја на помали парчиња. Сировите парчиња ставете ги во соковник. Откако ќе го добиете сокот, на половина литар течност, додајте две кафени лажички мед и една лажичка јаболков оцет. Сокот можете веднаш да го консумирате. Овој лек ќе ви помогне против болката и мачнините во желудникот, но сокот од тиква, кој е полн со витамини и минерали се препорачува да го пијат и луѓе кои немаат желудочни проблеми.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар