10 работи што секоја жена треба да ги направи пред да стане мајка

Децата се најпрекрасното нешто што може да ѝ се случи на секоја жена. Тие се инспирација за секоја мајка и мотив да оди напред и да се бори за нив и за себе. Но, мора да признаеме дека грижата околу децата е одговорна работа, која многу често ги исцрпува жените. Кога тие стануваат мајки, нивниот живот се менува, сакале да го признаеме тоа или не, а се менуваат и приоритети во животот. Затоа, ние ви нудиме 10 работи кои би било добро да ги направи секоја жена пред да стане мајка, затоа што потоа овие нешта малку потешко ќе бидат достапни за неа.

1. Заминете на непланиран одмор

(1) 10 работи што секоја жена треба да ги направи пред да стане мајка

Кога имате деца, патувањата се однапред добро испланирани и сите можни ризици ги сведувате на минимум. Затоа, издвојте време да заминете на некое сосема непланирано патување, полно со спонтаност и дозволете „патот да ве носи“. Доволен ви е само еден ранец и освојте го светот. Не е важно каде ќе заминете, можеби на некој друг континент или до најблиската планина и езеро. Тоа зависи од вас, важно е да отпатувате без многу подготовки и големи куфери.

2. Одете на авантуристички одмор

(2) 10 работи што секоја жена треба да ги направи пред да стане мајка

Уште подобро доколку преспиете во бунгалови без струја и се вклучите во некој екстремен спорт, кој се нуди во местото кое сте го посетиле.

3. Долги вечери во ноќта

(3) 10 работи што секоја жена треба да ги направи пред да стане мајка

Можете да си дозволите повеќечасовно уживање во вечерата и долг разговор со партнерот или пријателите.

4. Целовечерно излегување

(4) 10 работи што секоја жена треба да ги направи пред да стане мајка

Излезете во некој клуб кој работи цела ноќ и вратете се дома во мугрите.

5. Експериментирајте со отворени полици во домот

(5) 10 работи што секоја жена треба да ги направи пред да стане мајка

Колку и да ви звучи смешно, откако вашето бебе ќе почне да лази или да оди, ќе мора да заборавите на скапиот порцелан, минијатурните фигури од патувањата и украсите низ станот. Особено ќе мора да внимавате на кујната, којашто е магнет за бебињата. Затоа, пред да го донесете на свет својот нов „дизајнер“ на станови, уживајте во отворените полици, книгите и чашите коишто можете да ги оставите каде сакате и колку сакате.

6. Уживајте во шишките

(6) 10 работи што секоја жена треба да ги направи пред да стане мајка

Секоја девојка која има шишки знае колку труд и време се потребни тие да се доведат до совршенство. Затоа, уживајте во вашата шик фризура.

7. Побарајте стручна помош

(7) 10 работи што секоја жена треба да ги направи пред да стане мајка

Сите имаме некои фрустрации од детствата. Доколку на моменти чувствувате несигурност и страв за тоа каква мајка би биле, можеби е добро да побарате лекарска помош или консултација со терапевт, со кој отворено ќе поразговарате за своите стравови и недоумици. Подгответе се за најубавиот момент во вашиот живот.

8. Вистински почитувајте си го телото

(8) 10 работи што секоја жена треба да ги направи пред да стане мајка

По породувањето, нормално е телата да претрпат одредени промени. Жените по породувањето многу често се незадоволни од својот изглед и сакаат веднаш да ги изгубат вишокот килограми насобрани за време на бременоста. Но, единствено што треба да направите е да си го почитувате и сакате вашето тело, како пред породувањето, така и потоа. Запомнете, вашето тело е прекрасно!

9. Дозволете си секс повеќе од два пати во текот на ноќта

(9) 10 работи што секоја жена треба да ги направи пред да стане мајка

Понекогаш опуштете се и имајте секс цела ноќ. Уживајте во интимноста без да се плашите дека малото човече кое спие во ваша близина можеби ве слушнало или видело.

10. Спијте

(10) 10 работи што секоја жена треба да ги направи пред да стане мајка

Спијте многу!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар