Дознајте дали цело време погрешно ги користевте марамчињата за отстранување на шминка

Влажните марамчиња за отстранување на шминката можат да ни бидат од голема корист. Меѓутоа, освен тоа што не е добро да ги употребувате премногу често, важно е и да ги користите на вистинскиот начин. Доколку не го правите тоа, набрзо ќе забележите не толку убави ефекти на кожата на лицето. Во продолжените дознајте кој е вистинскиот начин на користење на овие марамчиња.

1-doznajte-dali-celo-vreme-pogreshno-gi-koristevte-maramchinjata-za-otstranuvanje-na-shminka-www.kafepauza.mk_

Најнапред, би требало да знаете зошто не е добро да ги користите марамчињата за отстранување на шминка секоја вечер. Освен тоа што купените марамчиња може да предизвикаат иритација на кожата, дури и кога тоа не е случај, знаете и самите дека служат само за прва помош. Со нив не можете да ја отстраните целата шминка и нечистотија од лицето. Затоа, неопходни ви се средство за миење на лицето, вода и евентуално лосион за лице. Секако, кога немате друг избор, подобро би било да ги користите марамчињата отколку да заминете на спиење со шминка на лицето.

2-doznajte-dali-celo-vreme-pogreshno-gi-koristevte-maramchinjata-za-otstranuvanje-na-shminka-www.kafepauza.mk_

Сите ние најчесто го чистиме лицето од средина кон надворешната страна на лицето. Но тоа, не е вистинскиот начин. Значи, бактериите и нечистотиите се насобираат во Т зоната, односно, во пределот околу брадата, носот и челото. Доколку го започнете чистењето од тие предели, сето она што не треба ќе го пренесете на останатите делови од лицето.

Затоа, започнете со чистење на делот околу ушите, горната линија на челото и вратот, па продолжете кон средина. Откако ќе завршите со марамчињата, задолжително измијте го лицето со вода и нанесете соодветен крем за лице. На тој начин, ќе спречите вашето лице да биде иритирано и суво.

3-doznajte-dali-celo-vreme-pogreshno-gi-koristevte-maramchinjata-za-otstranuvanje-na-shminka-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар