Каков прв впечаток остава секој хороскопски знак?

Каков прв впечаток остава секој хороскопски знак?

Според многумина првиот впечаток кој го оставаме е многу важна работа. Прочитајте што вика астрологијата за првиот впечаток кој го остава вашиот хороскопски знак.

Каков прв впечаток остава секој хороскопски знак?

Овен

Директни, гласни, конфронтирачки, пргави и неуморни, овните зрачат со младост, подвижност и површна жестина и напнатост. Тие во себе поседуваат јасна и чиста вибрација, која не може да им ја помрачи ниеден друг знак.

Бик

Веројатно ќе го чуете бикот уште пред да го видите со очи, бидејќи лесно ќе го препознаете по различниот глас, тешките чекори и грациозните движења. Претставниците на овој знак се најчесто добро градени, имаат тркалезно лице, големи и широки стапала, пријателски пристап и нежен, експресивен допир со рацете. Однадвор делуваат многу компактно и личи како сѐ да им е на вистинското место.

Близнаци

Близнаците ќе ги распознаете по нивното младешко лице, кое изгледа многу подетинесто од годините на човекот, по неуморната и напнатата душевна состојба и бадемовите очи кои многу брзо се движат и имаат тенденција да ја менуваат бојата во зеленкаста. Близнаците ќе ги забележите и по нивното брзо променливо расположение. Понекогаш премногу подвижни и раскикотени, другпат со одлични манири и начин на изразување, близнаците се дефинитивно луѓе кои успеваат да го привлечат вниманието. Многу претставници на овој знак брзо ги мрдаат рацете додека зборуваат, се вечни деца во душа, а тоа ќе го увидите во нивниот разигран дух.

Рак

Раковите оддаваат една многу пријатна и добродушна вибрација однатре, погледот им е влажен и длабок, гласот им е изразит, најчесто се пополни во горниот дел од телото а лицето им е како на бебе. Без разлика на полот, тие поседуваат еден мајчински инстинкт за одгледување на децата, искрени се и лековерни. Зборуваат нежно, по малку се срамежливи и интровертни.

Лав

Исто како и животните, така и претставниците на овој хороскопски знак имаат убава, бујна коса. Тие шират топлина во нивната околина, игриви се и конфронтациски настроени, честопати си играат со косата, а најчесто имаат силен глас и убави очи со кои изгледа како да ги хипнотизираат луѓето. И покрај тоа што лавовите немаат тенденција секогаш да бидат екстровертни, сепак под површината секогаш ќе можете да го забележите внатрешниот сјај кој овој знак го поседува.

Девица

Девицата ќе ја препознаете по беспрекорно добриот стил на облекување и прикажување. Подготвеноста, скромноста и неверојатната прецизност се дел од нивните особини. Сепак постои и нервозна нишка во нивниот начин на изразување и најчесто се прилично неуморни и се повторуваат во нивните муабети. Претставниците на овој знак се најчесто високи со ситни и нежни раце, затскриени очи, брзо зборуваат, имаат манири на однесување и се пријателски настроени.

Вага

Вагите се најчесто средно градени, имаат овални лица и од нив зрачат релаксирачки вибрации. Тие имаат типичен софистициран стил и појава и се трудат да имаат пријатно лице дури и кога се лути. Неретко имаат дупчиња на образите или на брадата и имаат прекрасна насмевка. Тие се многу фини, лесно е да се сложите со нив уште од првиот состанок, многу се комуникативни и воздржано учтиви.

Скорпија

Скорпиите ги карактеризираат интензивните и длабоки очи кои зрачат со моќ и магнетизам. Нивната појава асоцира на забранет и посакуван предмет. Дури и да сте повисоки од неа, секогаш ќе се чувствувате дека таа стои над вас. Скорпиите имаат силна и забележлива вибрација, убава густа коса, широки рамена и убави и сензуални усни.

Стрелец

Од стрелецот секогаш зрачи топлина и тој секогаш е насмеан. Тие се големи ентузијасти кои се секогаш желни да споделуваат мудрост и информации. Малку се боемски настроени и знаат да бидат неуредни, но сепак имаат уникатен стил. По природа се многу енергични, понекогаш дури и немирни. Имаат широко чело и продорни очи и се многу интелигентни. Неретко стрелците се високи со долги нозе и секогаш пријателски настроени.

Јарец

Јарците имаат остар поглед, генерално се воздржани, секогаш знаат добро да се претстават, артикуларни се, зборат мирно и тивко, најчесто се сталожени и прибрани и имаат конзервативен стил. Имаат манири и знаат да бидат хумористични.

Водолија

Водолијата е тешко да се запре, бидејќи е многу ексцентрична и секогаш има креативни идеи. Од нив зрачи опуштена вибрација, но на многу ниска фреквенција. Водолиите се секогаш прекрасни, имаат светкави очи, широки рамена и чиста кожа. Зборуваат со своите раце, најчесто се светлокоси, неуморни и им е тешко да седат мирни.

Риби

Рибите се мистериозни, недофатливи и сензитивни. Можат да се прилагодат на секоја ситуација и форма што е потребна. Тие се грижливи, топли и полни со разбирање. И покрај тоа што се срамежливи, тие имаат тенденција да се загледуваат многу често. Од нив зрачи силна и забележлива аура и се многу пријателски настроени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар