Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

Декември, се одбројуваат деновите до Новата година. Како се чувствувате? – Нестрпливо, возбудено, разочарано? Потрошете 30-ина минути и искрено одговорете на овие 7 прашања. Тестот ќе ви открие некои важни работи и ќе ви даде добри насоки за да бидете позадоволни и посреќни следната година.

Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

1. На скала 1-10, колку сте задоволни од себе за оваа година?

Оценете се себеси во оваа година. Ова е едноставна вежба со која ќе дојдете до прецизен одговор, а бројката ќе ви биде показател за многу работи во вашиот живот.

2. Зошто се оценивте така?

Важно е да разберете која е причината за таквото себе-оценување. На пример, ако си дадовте оценка 3/10, дали е тоа заради запоставувањето на вашиот љубовен живот и здравјето на сметка на работата или пак бидејќи не ги остваривте сите цели кои ги зацртавте? Кои и да се причините, запишете ги некаде.

3. Кои беа вашите најголеми достигнувања изминатава година?

Овде одговорите опфаќаат какви било успеси на кои сте горди: унапредување во кариерата, влегување во долго-посакуваната врска, доследност во физичките активности…

Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

Ова за некои луѓе може да биде тешко бидејќи треба строго да се погледне кон 365 изминати дена и да се даде оценка дали тие биле добро искористени. Благодарение на одговорите, ќе можете да се ослободите од неважните работи и да го фокусирате вниманието само на она што е вистински важно.

Понекогаш, веруваме дека сме успеале во нешто, но и тогаш треба да се запрашаме дали со тој успех сме си помогнале себеси или на некој друг. Можеби сакате да им помагате на другите и нема ништо лошо во тоа, но не заборавајте на вашите соништа. Искреирајте ги во вашата глава и догодина повторно запрашајте се истово. Ќе се изненадите колку можете да успеете во остварување на своите соништа.

4. Кои се најзначајните лекции кои ги научивте годинава?

Што сè научивте од сè што ви се случи изминатава година?

Секојдневните искуства не прават помудри, сите го знаеме тоа. Но, не сите се однесуваат исто со работите кои им се случуваат во секојдневното опкружување. Без разлика дали добри или лоши, новите искуства ни додаваат нов слој мудрост врз постоечкиот. Запишувајќи ги научените лекции од секојдневните искуства ќе бидете свесни за големата мудрост која ви се натрупала низ годините.

Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

5. Кои се целите кои сакате да ги постигнете следната година?

Ова прашање можете да си го поставите уште во 2 други варијанти:

„Како можам да направам следната година да ми биде најдобра во животот?“

„Ако сега е 31 декември следната година, што би сакал/а да видам во својот живот?“

Откако ќе си одговорите на прашањата, поставете си ги целите со согласност со нив.

Што би требало да ви се случи за да си дадете оценка 10/10 кога следната година ќе го правите истово? Кои се целите кои сакате да ги постигнете и соништата кои сакате да станат реалност? Запишете си ги одговорите како цели за следната година.

6. Кои нови навики би сакале да ги стекнете/одржите?

За да ги остварите вашите цели со успех, мора прво да си создадете добри навики. Кои нови навики би сакале да ги стекнете? Луѓето обично се одлучуваат за медитација, вежбање, рано станување, рано легнување, пиење повеќе вода, откажување од цигарите… Кога ќе почнете да негувате одредени позитивни навики, природно станувате подобра личност, за себе и за другите.

Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

7. Кои се вашите идни итни чекори кои треба да ги преземете?

Откако ги запишавте вашите намери за следната година, одредете ги оние кои се однесуваат на најитниот период. Што би требало да почнете да правите за да почнат работите да течат во одредена насока? Закажете си точни датуми за овие планови и запишете ги.

На крајот, не заборавајте да почнете веднаш. Почнете од почеток уште пред да заврши старата година. Размислувајте однапред за работите кои ќе ве очекуваат во иднина. Така ќе бидете пред сите.

Тест: 7 прашања кои треба да си ги поставите пред да заврши годината

Ако ви помогна тестот во прецизирање на вашите цели за следната година, споделете ги размислувањата и чувствата во коментар.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Kika Reply

    Sto majka bara Shah Rukh Khan na slika.?? Daj smeni toa.. 🙂

    • Кафе пауза Reply

      Е што има врска, важно мисли човекот 🙂

  2. Ilina Reply

    Уште пред неколку дена си ги поставив целите за наредната година и си ги поставив датумите. Не знаев за тестов пред тоа, сега го отворив и можам да речам дека не беше лошо да се има уште малце помош околу сето тоа. 🙂

  3. Sara Reply

    vleva samodoverba mnogu deka mozes sto si naumil,da ti se ispolni 😀

Напиши одговор на Ilina Откажи одговор