Сочни и меки: Рецепт за највкусните чоколадни коцки

Сочни и меки: Рецепт за највкусните чоколадни коцки

На сите оние кои сакаат чоколадо ќе им се допадне овој рецепт за торта – многу е сочен и мек и доволни ви се само 45 минути. Имајте на ум дека тортата може да биде уште повкусна ако ја премачкате со глазура.

Сочни и меки: Рецепт за највкусните чоколадни коцки

Потребни состојки:

  • 350 грама шеќер
  • 240 грама брашно
  • 240 милилитри вода
  • 125 милилитри растително масло
  • 125 милилитри матеница
  • 115 грама путер
  • 100 грама темно чоколадо
  • 3 јајца
  • 3 лажици незасладено какао во прав
  • 1,5 лажички екстракт од ванила
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • ½ лажичка сода бикарбона

За глазурата:

  • 400 грама шеќер во прав
  • 115 грама путер
  • 100 милилитри матеница
  • 3 лажици какао во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.

2. Во поголем сад измешајте брашно, прашок за пециво, сода бикарбона и шеќер и оставете го садот настрана.

3. Во посебен сад изматете ги јајцата и измешајте ги со матеницата и екстрактот од ванила.

4. Во посебно тенџере растопете ги путерот и чоколадото. Во смесата додадете вода и масло.

5. Измешајте го растопеното чоколадо со брашното и сè заедно измешајте со смесата со јајца и матеница.

6. Добиената смеса префрлете ја во претходно подмачканата тепсија.

7. Печете го колачот во загреана рерна околу 35 до 40 минути и проверете со чепкалка дали колачот е испечен пред да го извадите од рерна.

8. Оставете го колачот целосно да се олади пред да го намачкате со глазурата од шеќер во прав, матеница, екстракт од ванила, какао во
прав и стопен путер.

9. Исечете го колачот на коцки и послужете. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за чоколадна торта со свилено тофу.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар