Следете ги овие 5 совети што ќе ви помогнат да имате добри односи со секоја личност со којашто сте во конфликт

Без разлика дали станува збор за неверство од партнерот, за предавство од пријател или за малтретирање од страна на некој од вашето семејство, простувањето е често тежок чекор што бара многу енергија и психолошка стабилност. Најважното нешто што треба да го знаете е дека простувањето во никој случај не е секогаш задолжително, особено ако станува збор за некој кој сè уште може да биде закана за вашата благосостојба.

Следете ги овие 5 совети што ќе ви помогнат да имате добри односи со секоја личност со којашто сте во конфликт

Простувањето не значи дека треба да се смирите или дека треба да продолжите да се дружите. Прошката е внатрешно доживување во вашиот ум, чистење на омразата и на огорченоста и можност да продолжите со животот. Во продолжение прочитајте ги овие совети што ќе ви помогнат да ги смирите односите со личностите со коишто сте биле во конфликт.

1. Бидете поголеми од себе и одлучете се за прошка

Престанете да им наметнувате чувство на вина и одговорност на личностите што ве повредиле. Не поставувајте ултиматуми бидејќи тоа им дава можност тие да ја контролираат ситуацијата. Ставете се во позиција на моќ и кажете си себеси: „Да, тие ме повредија, но јас можам да продолжам напред без оглед на сè“.

2. Дефинирајте што сакате

Дали сакате да се смирите или само сакате да се ослободите од лошите чувства? Можеби тоа нема да влијае на вашиот понатамошен пат, но имајќи ја предвид својата цел, тоа ќе ви помогне да не ја изгубите трагата за тоа што го барате.

3. Погледнете ги работите објективно од двете перспективи

Повредената страна најчесто ја персонализира ситуацијата и ја гледа само од својата перспектива, но кога се обидувате да простите, експертите советуваат да ја погледнете ситуацијата колку што е можно пообјективно и непристрасно и да ги земете предвид сите фактори. Одвојувањето од ситуацијата ќе ви го олесни контролирањето на емоциите и ќе добиете нова перспектива со која полесно ќе се согласите.

4. Пронајдете емпатија и сочувство

Погледнете ја ситуацијата од страната на оние што ве повредиле. Дали тие имале лош ден или нешто што може да ги доведе до такво однесување? Разбирањето на нечија позиција ќе ви помогне да ги замените негативните емоции (непријателството и лутината) со позитивни (емпатија и сочувство). Ако не успеете да го направите тоа, сетете се на моментите кога некој вам ви простил.

5. Размислете дали сакате да кажете за прошката

Кога простуваат, многумина сакаат да им го кажат тоа на оние на коишто им простиле. Но, имајте на ум дека „Ви простувам“ значи да ѝ кажете на другата страна дека погрешила. Ако личноста на која ѝ простувате не сфатила дека ве повредила, можеби ќе биде навредена и повторно ќе ве повреди. Поради тоа, треба да им простувате на оние што се извиниле, што презеле одговорност или што се искупиле.

Простувањето е личен процес и не треба секогаш да ѝ кажувате на другата страна дека сте простиле, особено ако вие сте ги прекинале контактите поради својата благосостојба. Ако сте се ослободиле од лутината што ве оптоварувала, веќе сте простиле.

Прочитајте ги и овие 20 фантастични совети од познат психијатар што ќе ве направат посреќни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар