Педијатарот Ернст Моро со обична супа од моркови ги спасил животите на милиони деца: Рецепт стар еден век

Педијатарот Ернест Моро со обична супа од моркови ги спасил животите на милиони деца: Рецепт стар еден век

Пред 145 години се родил педијатар Ернст Моро. Благодарение нa обичната супа од моркови тој спасил илјадници животи, станало можно да се дијагностицира церебралната парализа и да се откријат лактобацили, а за нас овој голем човек остана скоро анонимен.

Застрашувачка е помислата дека пред само еден век, просечниот животен век на човекот бил половина од тоа што е денес. Ова, се разбира, не значи дека нашите предци живееле 35-40 години и умирале од старост. Тогаш имало голема смртност кај новороденчињата. Не било доволно само да се роди бебето, тоа требало и да се храни. Пред 142 години, е роден човекот кој ја олеснил таа задача – педијатар Ернст Моро. Тој смислил рецепт за каша од моркови и со неа овозможил да преживеат многу деца.

Педијатарот Ернст Моро со обична супа од моркови им ги спасил животите на милиони деца: Рецепт стар еден век

Еве го и рецептот:

Педијатарот Ернст Моро со обична супа од моркови им ги спасил животите на милиони деца: Рецепт стар еден век

Потребни состојки:

  • 1 кг моркови
  • 3 г сол
  • 2 л вода

Начин на подготовка:

  1. Еден килограм моркови се чисти и сечка
  2. Морковите се заливаат со литар вода и се зачинуваат со 3 грама сол
  3. Морковите се варат додека содржината не се намали на 1 л

Дури во 2002 година стана јасно дека киселите олигосахариди формирани во оваа супа, кои влегуваат во составот на растворот од моркови, спречуваат бактериите да се врзуваат за цревната слузница. Друга студија откри дека заради лековитите својства супата дури спречува и дијареја предизвикана од бактерии отпорни на антибиотици.

Во принцип, тоа е веќе доволно да се сеќаваме на Ернст Моро и да му бидеме благодарни. Но, тој исто така инсистирал и на стерилизирање на шишиња за бебиња, како и за хранење на бебињата со мајчино млеко, што ги прави децата поотпорни на многу болести (многу подоцна се откри дека децата се заштитени преку мајчините антитела, за разлика од вештачките млека што воопшто не заштитуваат).

Тој, исто така, создал и рецепт за „Моро млеко“ за вештачка исхрана на бебиња. Овој значаен човек ги открил лактобацилите содржани во ферментираните млечни производи и ја покажал нивната предност.

Ернст открил и рефлекс кој е присутен кај бебињата во првите месеци од животот: ако се создаде остар звук во близина на главата на бебето, таа прво ќе ги рашири рацете, ќе ги рашири прстите, а потоа ќе ги спои рацете заедно, стегајќи ги тупаниците.

Ако овој рефлекс не постои, тоа е знак на оштетување или т.н. депресија на централниот нервен систем.

На пример, Моровиот рефлекс или неговото отсуство може да укаже на церебрална парализа. И покрај сите овие откритија, Моро живеел скромно, никогаш не му била дадена заслуга за споменатите откритија. Живеел до 74-годишна возраст, занимавајќи се со педијатрија во приватна пракса.

Роден е во 1874 година во Љубљана, која тогаш била дел од Австро-Унгарската Империја. Ернст студирал во Грац, Австрија. Во 1899 година, тој станал доктор по медицина во САД и Велика Британија, а во 1901 и 1902 година работел со големиот Теодор Ешерих, кој ја открил бактеријата ешерихија коли. Во 1906 година специјализирал педијатрија во Минхен, а две години подоцна станал професор.

Во 1908 година тој го направил најважното откритие, кое се објаснува еден век подоцна. Во годините додека живеел, многу деца умирале од дијареја. Моро го смислил наједноставниот природен лек кој на намалува смртноста кај децата дури за половина. Лекот бил обична супа од моркови.

Можеби сакате да дознаете и дека само пет суви сливи на ден ќе направат повеќе за вашето здравје отколку лековите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар