20 фантастични совети од познат психијатар што ќе ве направат посреќни

Микаил Литвак е познат доктор, психотерапевт и меѓународно реномиран психијатар. Според него, таму каде што има повеќе од една личност, секогаш ќе има конфликт. Луѓето секој ден даваат или слушаат аргументи и колку повеќе социјални улоги имаат, толку повеќе имаат и материјал за расправа. Најчесто, ваквите расправи не се конструктивни и се претвораат во вистински борби што предизвикуваат сериозна психолошка штета. Но, дали ви е тоа потребно? Прочитајте ги неговите совети што ќе ви помогнат да ги избегнувате непотребните конфликти и чувството на фрустрација и незадоволство.

20 фантастични совети од познат психијатар што ќе ве направат посреќни

1. Никој не отфрла никого, но некои луѓе одат напред, а други заостануваат. Оној што заостанува мисли дека е отфрлен.

2. Ако мислите дека сте добра личност, зошто чувствувате потреба и другите да мислат така за вас?

3. Правете го тоа што го сакате и не барајте дозвола бидејќи нема да ја добиете.

4. Показатели на духовната зрелост се способноста да сакате и способноста да се справите со осаменоста. Најдобрите работи ги правите кога сте сами.

5. Незрелата личност често има знаење, но не знае како да го примени. Зрелата личност има знаење и знае како да го примени. Поради тоа, незрелата личност ги критикува другите, а зрелата личност дејствува.

6. Не знам кој е патот до успехот. Но, знам кој е патот до неуспехот, а тоа е желбата да им угодите на сите.

7. Не постои машка или женска логика. Постои само способност или неспособност за правилно размислување.

8. Сакате да дознаете кој е вашиот најголем непријател? Погледнете во огледалото. Победете го него, па потоа останатите ќе ви се покоруваат.

9. Постигнете успех, навредите ќе поминат.

10. Убаво е да разговарате со пријателите. Корисно е да разговарате со непријателите.

11. Постои само една оправдана причина зошто да ја напуштите работата или да ја прекинете врската со некого, а тоа е неможноста да постигнете личен развој во тие околности.

12. Со пријателите и со непријателите треба да ја споделувате само радоста. Вашите пријатели ќе бидат среќни, а вашите непријатели вознемирени.

13. Не трчајте по среќата и среќата е тоа што ќе го пронајдете. Среќата се наоѓа во вас, а патот до неа е максимален развој на сите ваши способности.

14. Среќата е производ на убаво организиран живот.

15. Ако сакате да докажете нешто некому, вие постоите само за таа личност. Ако постоите за себе, тогаш не треба да докажувате ништо на никого.

16. Имагинацијата е гласот на сите ваши способности. Јас не сонувам да пеам во опера бидејќи немам глас за тоа. Но, ако сонував за тоа, тогаш би ги зајакнал моите способности и би направил сè што е потребно за да станам оперски пејач. Вие треба да размислите како да ги направите вашите соништа реалност. Не брзајте, а потоа соновите брзо ќе се реализираат. Добро е кога човекот ќе рече: „Јас сакам само да ги остварам моите соништа“.

17. Подобро е да комуницирате со добра книга отколку со празен човек.

18. Кога човек нема што да каже добро за себе, а сака да каже нешто, тој ќе почне да зборува лошо за другите луѓе.

19. Ако сакате да стиснете нешто во вашите раце, тоа нека биде знаење, а не вратот на најблиските.

20. Депресијата му се дава на човекот за да може да размислува за себе.

Прочитајте ги и овие 5 совети за среќа од најсреќниот човек на планетата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар