Што ќе се случи доколку секојдневно го чистите лицето со јаболков оцет?

Што ќе се случи доколку секојдневно го чистите лицето со јаболков оцет?

Познато е дека јаболковиот оцет има позитивен ефект на косата, неговата примена е проверено оружје во борбата со артритисот и болките во зглобовите, но малку е познато дека е одличен сојузник и во негата на кожата на лицето. Доколку ве мачат проблеми со кожата како осип, воспаление, акни и проширени пори, тогаш тој е идеално решение.

Што ќе се случи доколку секојдневно го чистите лицето со јаболкова киселина?

Тајната е во алфахидроксилната киселина која ги отстранува мртвите клетки и ја обновува кожата. Исто така, го нормализира лачењето на маснотиите, поседува антибактериски и антигабични својства, ја хидрира кожата и го изедначува тенот. Скапите козметички препарати на познатите брендови за нега на лицето ги содржат овие компоненти, но во јаболковата киселина нивната концентрација е многу поголема.

Пред примената, јаболковата киселина треба да се разблажи со варена и изладена вода во однос 1:3. Во подготвениот раствор натопете еден памук и пребришете го лицето пред вообичаеното миење. Правете го тоа наутро и навечер. Со помош на јаболковиот оцет можат да се осветлат пигментните флеки, а доколку сакате да го направите тоа, тогаш само ставете го натопениот памук да делува на местото со прекумерна пигментација околу 20-30 минути.

Се разбира, можете да користите и куповни производи, но за негата на кожата на лицето најдобро е да користите домашен јаболков оцет, покрај вообичаените козметички препарати.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар