Што кажува начинот на кој се држите за рака со партнерот за вашата љубовна врска?

Човечките односи се едни од најважните делови на животот. Без разлика дали станува збор за родители, партнери, деца или пријатели, нивниот квалитет често го одредува и квалитетот на вашиот живот. Со цел подобро да ја процените вашата врска, доволно е да обрнете внимание на малите нешта. На пример, на начинот на кој се држите за рака со партнерот или партнерката. Погледнете што различните видови држења за раце значат за вас и вашата врска…

Што кажува начинот на кој се држите за рака со партнерот за вашата љубовна врска?

1. Дланка со дланка – Ова е можеби еден од најчестите видови. Според експертите оној кој има навика да биде од горната страна ја има и доминантната позиција во врската.

2. Заплеткани прсти – Паровите кои ја сакаат оваа положба на рацете, сакаат и што е можно почесто да бидат близу едни до други. Тие се многу поврзани, како физички, така и емоционално. Тие немаат проблем со тоа, па затоа и лесно ја покажуваат својата ранливост на љубените.

3. Држење за неколку прсти – И двете личности се независни, кои имаат свои лични страсти и интереси надвор од односот. Тие уживаат во својата самостојност и важно им е да ја зачуваат својата слобода. Сепак, постои длабока поврзаност помеѓу нив.

4. Држење за прст – Станува збор за многу опуштена врска. Можеби таа не изгледа толку интимно, но сепак е многу романтична, а партнерите добро се познаваат помеѓу себе.

5. Преку рамена – Станува збор за многу близок однос. На овој начин контактот не се задржува само со рацете, туку се пренесува низ целото тело. Делува заштитнички, бидејќи со префрлањето на рацете преку рамена, се остава впечаток на заштита.

6. Пасивно држење за раце – Во овој случај едниот партнер одлучно ја зема раката на другиот, но кај другиот се чувствува пасивност. Нема потпирање еден на друг и сè делува недефинирано. Не постои наклонетост кон другиот и емоциите слабо доаѓаат до израз.

7. Дамско држење – Често се забележува на свадбите и во филмовите кога се прикажуваат кралски балови и повик за танц. Тоа е знак за здрава врска, полна почит, која е изградена на доверба и восхит.

8. Лесно држење за раце – Ова е можеби најсамоуверениот начин за држење раце. Покажува голема доверба помеѓу партнерите и многу стабилен однос. Иако ставот е многу опуштен, сепак е интимен и дава прилика да се приближите уште поблиску.

9. Држење за зглоб – Оваа позиција можеби изгледа агресивно, но всушност укажува на нешто сосема спротивно. Тука не се испреплетени само дланките, туку целата рака. Ставот е повеќе интимен и страстен.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар