Рецепт за неодоливи италијански колачи од лешници и чоколадо

Рецепт за неодоливи италијански колачи од лешници и чоколадо

Baci di dama или бакнежите на дамата се едни од најпознатите италијански колачиња. Се приготвуваат со путер од лешник и чоколаден намаз. Името го добиле како резултат на нивната форма која на слаткарите во 19 век ги потсетувала на женските усни. Потекнуваат од слаткарниците во Тортона, населба во северозападната покраина Пиемонте, позната по производството на лешници.

Денес, овие колачиња се познати и како италијанската верзија на орео колачињата. Освен со растопено чоколадо, можат да се полнат и со нутела, а понекогаш, покрај мелени лешници се користат и ф’стаци.

Рецепт за неодоливи италијански колачи од лешници и чоколадо

Потребни состојки:

  • 100 грама лешници
  • 100 грама брашно
  • 100 грама путер
  • 85 грама шеќер
  • 50 грама темно чоколадо

Начин на подготовка:

1. Печете ги лешниците околу 15 минути на 160 степени целзиусови сè додека не добијат златно-кафеава боја. Извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат. Потоа сомелете ги.

2. Префрлете ги лешниците во друг сад каде ќе ги додадете брашното, путерот и шеќерот. Мешајте со миксер сè додека смесата не се соедини. Поделете го тестото на четири дела и секое парче обликувајте го во форма на колбас. Ставете ги на сад покриен со хартија за печење и оставете ги во фрижидер околу еден час.

3. Сите парчиња тесто исечете ги на подеднакви делови (приближно 8 грама) и формирајте топчиња, кои ги враќате во садот и ги оставате да отстојат уште еден час.

4. Откако ќе се изладат, печете ги околу 15 минути на температура од 160 Целзиусови степени и оставете ги целосно да се изладат пред да ги наполните. Растопете го чоколадото на пареа и оставете го неколку минути да се излади за да се згусне. Премачкајте едно колаче, спојте го со друго и продолжете така сè додека не ги споите сите колачиња. Оставете ги да се изладат пред да ги послужите. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за овие превкусни италијански колачиња, можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за колачи со кафе и чоколадо кој морате да го испробате уште денес.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар