Рецепт за чоколадна торта со малини и ф'стаци

Рецепт за чоколадна торта со малини и ф’стаци

Оваа чоколадна торта со малини и ф’стаци ќе стане вашиот омилен десерт.

Рецепт за чоколадна торта со малини и ф'стаци

Потребни состојки за кората: ⁣

  • 250 гр урми без коски
  • 50 гр бадеми
  • 50 гр ореви
  • 50 гр ф’стаци⁣
  • 50 гр кокосови снегулки

Измешајте ги сите состојки за кората во сечкач, а смесата треба да биде леплива. Ставете ја смесата во калап со дијаметар од 24 цм, обложен со хартија за печење и добро притиснете.⁣

Потребни состојки за филот:

  • 300 гр индиски ореви потопени во вода најмалку 4 часа⁣
  • 400 мл растително млеко⁣
  • 200 гр растопен кокосов путер
  • 80 гр органско какао
  • 200 гр мед / јаворов сируп⁣

Во блендер измешајте ги сите состојки за филот и мешајте додека смесата не остане без грутки.⁣

Ставете го филот во калапот преку кората и протресете го калапот за рамномерно да го распределите филот.

Останати состојки:

  • 200 гр малини⁣

Ставете ги малините во филот, така што нема да бидат видливи на врвот на тортата.

Ставете ја тортата да стои во фрижидер преку ноќ или во замрзнувач најмалку 2 часа⁣.

Украсете со ф’стаци.⁣

Погледнете како да ја направите и оваа вкусна чоколадна пита со лешници.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар