Претходно
Новото лице на мајчинството: Млади и кул мајки кои одлично ја вршат својата работа
Секој ден, сè поголем дел од нашите пријатели започнуваат своја фамилија. Но, лицето на мајчинството е преземено од новата генерација мајки кои одлично ја вршат својата работа. Како и секоја генерација мајки, така и оваа имаат свој уникатен и препознатлив стил кој ги одвојува од родителите кои нив ги израснале. Овие млади мајки се познати како отворени и заштитнички настроени кон своите деца, со цврст карактер и модерен пристап кон мајчинството. Па, дали и вие сте една од нив?
Секоја мајка на модерното време знае дека вие не сте навистина бремени сè додека не објавите на Фејсбук.

Вие купувате само природна, органска, безглутенска и без ГМО храна за бебиња.

Или пак, ако не сте сигурни, ја правите оваа храна самите, од почеток.

Доколку сакате тетоважи, има големи шанси да имате една со името на вашето бебе.

Вашиот Инстаграм профил полека се претворил во профил на вашето дете.

Се сметате себеси за многу позабавни од обичните мајки.

Во вашиот шкаф нема ниту еден пар „фармерки за мајки“.

Стилот ви е сè уште приоритет, како за вас така и за вашето бебе.

Всушност, вашето најмало сигурно има повеќе модни додатоци од вас.

Редовно наоѓате инспирација за вашиот стил преку хаштагот #OOTD (outfit of the day) од познатите модни инстаграмџии.

Роденденските забави на вашите деца се реална верзија од вашите табли на Пинтерест.

Вашето бебе знае како да отклучува смартфон уште пред да научи како да оди.

И да направи импресивни селфи фотографии од себе.

Ги знаете зборовите на песната „Let It Go“ подобро од вашите деца.

Не се срамите да носите исти модни комбинации како вашите најмали.

Ироничните маички се дефинитивно нешто што ве карактеризира како личност.

Вашето бебе е скоро секогаш залепено за вас.

Без разлика дали само ги завршувате вашите домашни обврски…

Шетате во паркот…

Или тргнувате кон голема авантура ширум светот.

Младите мајки сметаат дека имињата како „Blue Ivy“ се сосема нормални…

И дека вашето 3-годишно дете без проблем подобро ја разбира технологијата од вашите родители.

Оние кои ве следат на социјалните медиуми знаат повеќе за вашето дете и живот отколку некои од вашите роднини.

И многу повеќе се забавувате покрај вашето мало најдобро пријателче отколку покрај некои од вашите возрасни пријатели.































GLUPOSTI
ZAGREF SE