Не можеме без нив: Фармерките што се во тренд оваа сезона

Иако летото ни се приближува, за фармерките слободно можеме да кажеме дека се парче облека што се носи во текот на целото лето. Затоа и воопшто не нè чуди што познатите трендсетерки на Инстаграм полудеа за еден модел фармерки. Станува збор за фармерките со рамен крој, висок струк и широки ногавици

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CAMILA COELHO (@camilacoelho) on

Овој модел ѝ ласка на секоја фигура, особено на витките девојки што сакаат визуелно да ги издолжат своите нозе. Тие исто така се и лесни за комбинирање, па можете лесно да ги претворите од секојдневно парче облека во вечерна комбинација така што ќе додадете штикли и модни додатоци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LIFESTYLE & SELF-CARE (@madebyf) on

Најдоброто од сè е што модата постојано се повторува, па затоа постојат големи шанси да можете да ги најдете овие ретро фармерки во шкафот на вашата мајка или пак, на вашата баба. Тоа значи и дека нема да мора да купувате нов модел и ќе заштедите пари.

Најубавите рамни летни обувки: Инфлуенсерките не можат да си ги замислат топлите денови без нив.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар