Миризбата што твојот дечко сака да ја почувствува на тебе

Можеби ќе ви звучи чудно, но нашиот нос влијае многу на нашите одлуки. И тоа особено кога станува збор за дали некој ни се допаѓа, дали сме заљубени или дали сакаме секс со оваа личност. Без разлика дали сте сингл, во врска или активно барате партнер, покрај карактерот и надворешниот изглед, носот игра исклучително голема улога во тоа дали некој ќе ви се допадне или не.

Па, која е миризбата со која ќе го привлечете? Станува збор за вашиот личен мирис, мирисот на вашето тело без парфем и дезодоранс. Дури и ако не ја забележувате миризбата на свесно ниво, вашиот нос ја чувствува. Со други зборови, ако постојано ја прекривате оваа природна миризба, тој нема да има можност да ве „намириса“ и вистински да се поврзе со вас.

Секој човек постојано произведува феромони. Тие се трансмитери чија задача во природата е да ги разбудат инстинктите и да ги поттикнат луѓето (и животните) на одредени активности. Тие несвесно се појавуваат и ни даваат уникатен мирис, карактеристичен само за нас. Луѓето наоколу несвесно реагираат на тие феромони, па зависно од миризбата одлучуваат дали им се допаѓате или не.

Ако сте една од оние девојки што ставаат половина литар парфем на себе, имајте на ум дека со тоа ти намалувате шансите да му дозволите на потенцијалниот партнер да ве „намириса“. Од друга страна пак, парфемот и вам ви влијае, ослабувајќи ви го сетилото за мирис, па може и вие да не забележите личност што совршено би ви одговарала.

Можеби е време да се откажете од парфемот, се согласувате?

Дознајте и како да се ослободите од лошата миризба на стапалата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар