Научно докажано: Кои се најдобрите, а кои најлошите денови за започнување диета?

Научно докажано: Кои се најдобрите, а кои најлошите денови за започнување диета?

Една од најтешките одлуки кои ги имаат луѓето со вишок килограми е одлуката кога да започнат со диета. „Од утре ја почнувам диетата“ или „За викенд вртам нова страница од мојот живот“, се речениците кои барем еднаш сме си ги кажале животот, но што велат научниците – кога е најдобро да се започне со диета?

1-nauchno-dokazhano-koi-se-najdobrite-a-koi-najloshite-denovi-za-zapochnuvanje-na-dieta-www.kafepuza.mk_

НАЈДОБРО ВРЕМЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ДИЕТА:

После роденденот

Истражувањата покажуваат дека луѓето се подготвени да се посветат на своите зададени цели после одредени датуми кои се одбележуваат, вклучувајќи ги празниците и родендените. Ако размислувате за диета, тогаш тоа е идеално време за да ја започнете. Со тек на време ќе научите како да не ги повторувате грешките и така полесно ќе го усогласите вашето однесување со вашето „ново јас“.

Понеделник

Секој понеделник е идеален за нов почеток. Луѓето гледаат на овој ден како „копче за рестартирање“ и имаат мотивација која ќе ги поттикне за остварување на целите кои ги имаат на почетокот од неделата. Покрај тоа, после викендот откако со сигурност сте се почестиле со слатки и калорични залаци, сигурни сме дека сте подготвени да прифатите полесна храна.

После некоја голема животна промена

Да речеме дека сте се преселиле во нова куќа или во друг град поради работата. Новата рутина и новиот начин на живот е совршено време за почеток на некои нови навики. Можете да започнете со мали чекори кон вашата голема цел која сте ја зацртале. На пример, денот започнете го со здрав појадок или намалете ја количината на шеќер која обично ја ставате во кафето.

2-nauchno-dokazhano-koi-se-najdobrite-a-koi-najloshite-denovi-za-zapochnuvanje-na-dieta-www.kafepuza.mk_

НАЈЛОШО ВРЕМЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ДИЕТА:

Нова година

Проблемот со новата година е тоа што си даваме голем број цели кои тешко можеме да ги постигнеме. Токму затоа и не треба да ја мешаме диетата со останатите скоро невозможни цели. Ако тоа не функционирало претходно, зошто со новогодишната одлука би било поразлично? Ако сакате да поставите цел откако стрелките на часовникот ќе отчукаат полноќ, планирајте полека. Донесете само една одлука, на пример, одлука дека повеќе нема да јадете пред телевизорот или да јадете слатки секојдневно. Откако ќе ја спроведете таа одлука, на вашата листа додајте го ѝ започнувањето на диетата.

Кога имате голем проект или рок на работното место

Кога во еден период од животот ќе ве „затрупаат“ разни обврски како што е породувањето, преземањето одговорност за одреден член од семејството или па, кога едноставно имате навистина напорни денови и седмици на работа, тогаш дефинитивно не е време за диета. Стресните околности се најлошото време кога можете да ја тестирате вашата издржливост, упорност и ограничување. За почеток можете да усвоите неколку здрави навики кои ќе ви помогнат во врска со вашата цел да ослабете.

Петок

Доаѓа викенд, а на распоредот имате забави на кои ќе се послужува пица, сладолед и останата храна која е богата со калории. На таквите искушенија е тешко да одолеете. Но, можеби тоа и не е толку лоша работа ако сте веќе на диета, а имате забави на кои нема да можете да ја избегнете таквата храна. Почестете се за време на викендот, а потоа во текот на седмицата повторно држете диета. Најважно е да бидете истрајни и резултатот нема да изостане.

3-nauchno-dokazhano-koi-se-najdobrite-a-koi-najloshite-denovi-za-zapochnuvanje-na-dieta-www.kafepuza.mk_

Викенд

Викендот е лошо време за почеток на диетата, бидејќи едноставно имате премногу слободно време. Немате „густ“ распоред, па затоа ќе ви биде потешко да се држите до здравите навики кои сте ги вежбале во текот на неделата. На пример, можеби нема да појадувате овесни снегулки, туку ќе изберете кафе и некој десерт. Наместо готвењето дома, најверојатно ќе излезете надвор и ќе изедете некоја брза храна.

После годишниот одмор

За многу луѓе, ова е време кога се опуштаат и слободно јадат. Но, ако планирате да бидете на диета веднаш после годишниот одмор тоа и не е баш најдобра идеја. Можеби ќе помислите дека кога ќе се вратите дома од одморот ќе бидете поригорозни кон себе, па сега ќе можете да јадете малку повеќе, а тоа можеби ќе ве стави на полошо место од почетокот. Немојте да планирате толку однапред, бидејќи ќе се прецените и ќе јадете многу повеќе, а насобраните килограми можеби нема толку лесно да ве напуштат како што сте мислеле.

За да бидете успешни во својата диета, ви предлагаме да погледнете кои се најчестите грешки во текот на диетата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар