Диета 20/20: План за исхрана на познатиот д-р Фил

Диета 20/20: План за исхрана на познатиот д-р Фил

Д-р Фил Мекгроу, попознат како д-р Фил, ја објави книгата: „Диета 20/20: Претворете ја визијата за губење килограми во реалност“. Со оваа книга, тој се обиде да им помогне на луѓето кои се борат со вишокот килограми да ја постигнат својата цел.

Диета 20/20: План за исхрана на познатиот д-р Фил

Диетата 20/20 се базира на термичкиот ефект на храната (бројот на калории што ги троши нашето тело додека ја вари и ја апсорбира храната и ги користи хранливите материи). Според книгата, 20 „моќни намирници“ бараат многу енергија за да се сварат. Затоа, колку повеќе калории трошите при варењето на оваа храна, толку помалку калории ќе складира телото  на крајот.

Исхраната вклучува четири фази и секоја се состои од постепено ограничување.

Како изгледа оваа диета?

Прва фаза – петдневен поттик (консумирање само 20 намирници: бадеми, јаболка, наут, кокосово масло, бакалар, суви и свежи сливи, јајца, зелен чај, леќа, лиснат зеленчук, маслиново масло, сенф, путер од кикирики, ф’стаци, суво грозје, ‘рж, тофу, протеин од сурутка, јогурт).

Втора фаза – петдневна апстиненција од повеќето видови храна (покрај веќе споменатата храна, можете да додадете: боровинки, кафеав ориз, моркови, пилешко, индиски ореви, печурки, овес и туна).

Трета фаза – дваесетдневно одржување (полека воведете ги сите намирници што вообичаено ги консумирате, а идеално би било да вклучите авокадо, грав, домати, киноа, малини и спанаќ).

Четврта фаза – управување. Кога ќе продолжите да јадете нормално, следете ги советите за редовна физичка активност, воздржување од слатки, преработена храна итн.

Покрај тоа, треба да вежбате 3-4 часа неделно со низок интензитет и 2-3 часа со висок интензитет.

Каква храна да избегнувате?

Треба да избегнувате слатки, тестенини, преработено месо (колбаси, салами итн.), грицки, чипс и и сокови.

Пијте вода, незасладени чаеви и природни сокови. Исто така, дозволено е кафе без шеќер.

Погледнете ја оваа јапонска диета со банани со која може да изгубите дури 10 килограми за две недели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар