Моден детаљ што може да ја разубави секоја летна комбинација
Во морето разни летни трендови и предлози, постои моден детаљ кој изгледа навистина им се допаѓа на познатите модни блогерки и тренди девојки.

Станува збор за очила за сонце со бели рамки. Овие очила се шик и ретро и се одличен моден детаљ за на плажа. Добрата вест е што можете да ги комбинирате со сè.

Очилата со бели рамки одлично изгледаат со фармерки и маичка со принт, кошула, одело, фустан или со некоја комбинација со пастелни бои.

Белата боја е совршена во комбинација со светлите бои кои се носат во текот на летото, а одлично стои и со уште еден летен тренд – белите дрвени или плетени чанти.

Дали би го пробале овој моден тренд?



Погледнете и како да го носите вашиот накит ова лето.





























