Како да заспиете брзо кога не можете да престанете да се превртувате?

Сигурно ви се случило да бидете премногу изморени, но никако да не можете да заспиете. За среќа, постои еден трик кој ќе ви помогне да го решите овој проблем за многу краток период.

Како да заспиете брзо кога не можете да престанете да се превртувате?

Што да правите?

Откако ќе ги затворите очите, обидете се да го визуелизирате вашиот дом од детството. Шетајте низ ходниците. Влегувајте и излегувајте од секоја соба. Замислете ги фотографиите што се закачени на секој ѕид и деталите низ целиот дом. За многу кратко ќе потонете во длабок сон.

Зошто ова функционира?

Причината е одвлекување на вниманието. Секогаш кога сте фокусирани на нешто друго, како на пример некоја смешна фотографија што ја закачила мајка ви, вашето внимание се одвлекува од секојдневните проблеми. Ова ви помага да заборавите на нештата што се случиле во текот на денот и што не ви дозволуваат да заспиете.

За уште подобри резултати, погледнете како да го направите вашиот кревет поудобен за спиење.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар