Мејкап туторијали за совршен изглед во секој момент од денот

Мејкап туторијали за совршен изглед во секој момент од денот

Секоја девојка си има свој стил на шминкање. Некои сакаат подраматичен изглед, додека пак останатите преферираат природна убавина. Мишел Пан има голема колекција на туторијали во која ги опфаќа буквално сите стилови. Еве еден мал дел од нив кои можат да ви помогнат да го освежите вашиот изглед и да изгледате совршено во секој момент од денот.

Мејкап-туторијали за совршен изглед во секој момент од денот

Дневен изглед

Овој туторијал накратко ќе ви покаже како да се нашминкате совршено за дневна светлина, без разлика дали планирате да одите на попладневна прошетка во парк, на факултет или пак на кафе со пријателките.

Од дневна во вечерна шминка

Понекогаш едноставно немаме доволно време за подготвување за вечерното излегување, бидејќи сме останале подолго на факултет или пак на работа. Но, не грижете се… Овој туторијал ќе ви покаже како набрзина да ја претворите вашата дневна шминка во одличен вечерен изглед.

Романтичен изглед

Има ли некакви шанси кога сте заљубени тоа да се забележи во вашите очи? Мишел Пан верува дека тоа е можно со мала помош од шминката. Ова видео ќе ви помогне целосно да ги доловите вашите моментални романтични чувства…

Беспрекорен вечерен изглед

Веќе цела недела организирате совршено излеување со вашите пријателки. Не сте излегле подолго време поради секојдневните обврски и затоа верувате дека вечерта ќе биде за помнење. Секако ова излегување нема да помине без нешто помалку од 1.000 фотографии. Токму овој туторијал ќе ви покаже како да се нашминкате со пријателките за да изгледате беспрекорно на фотографиите во вашата омилена дискотека.

Природна убавина

Нема ништо поубаво од едноставен и свеж изглед. Погледнете го ова видео кое ќе ви помогне да изгледате совршено и со многу малку шминка. И не заборавајте дека колку повеќе се грижите за вашето лице, толку помалку шминка ќе ви биде потребна.


 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. 050505 Reply

    Мишел 🙂 Ја обожавам

  2. mmm Reply

    МИШЕЛ ФАН, не ПАН 🙂

Напиши одговор на 050505 Откажи одговор