Карамел пуканки

Карамел-пуканки

Колку е убаво кога нешто толку едноставно ќе го направите модерно и вкусно. За почеток, направете го тоа со пуканките. Обвиткани со карамел и неверојатна златеста боја, овие карамел-пуканки сигурно ќе ви бидат одлични придружнички на следниот филм или ТВ серија која ќе ја гледате.

Потребно:

  • 90 г путер
  • 180 г кафеав шеќер
  • 50 мл сируп од пченка
  • сол на врв на лажиче
  • сода бикарбона на врв на лажиче
  • 90 г испукани пуканки

Карамел пуканкиПодготовка: Рерната загрејте ја на 100 Целзиусови степени. Во мало тенџерче ставете го путерот да омекне на најниска температура. Внимавајте да не почне да врие затоа што тогаш ќе загори и поцрни. Во тенџерчето додајте ги сирупот од пченка, шеќерот и солта. Мешајте со дрвена лажица за да зоврие смесата. Кога ќе почне да врие, оставете да проврие уште 4 минути немешајќи. После 4 минути, тргнете го тенџерчето од оган и ставете ја содата. Промешајте. Испуканите пуканки ставете ги во плитко тавче за печење, претурете ја смесата врз нив, промешајте ги и ставете ги да се печат во загреаната рерна еден час со мешање на секои 15 минути.Карамел пуканкиПо еден час, извадете ги од тавчето и оставете целосно да се оладат. Потоа, кршете ги на мали парчиња.Карамел пуканки


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар