Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?

Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?

Сите ние сакаме да го зачуваме новиот изглед на облеката колку што е можно подолго и затоа треба да бидеме внимателни кога треба да се исперат одредени парчиња облека. Прочитајте што нè советуваат стручњаците за перењето на специфична облека. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?

Градници

Идеално време за перење на градникот е после 3-4 носења. Тој не доаѓа во директен контакт со пазувите и затоа може да се носи неколку пати по ред. Сепак, потребна е пауза од 24 часа за градникот да може да ја врати својата еластичност. Ако се потите повеќе од вообичаеното, перете го градникот секој ден со нежен течен детергент. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?

Фармерки

Со оглед на тоа што фармерките ја губат бојата со секое перење, препорачливо е да ги исперете после четвртото или петтото носење. Обидете се да ја задржите бојата на фармерките така што ќе ги перете превртени, односно ќе ја превртите внатрешната страна нанадвор. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?

Јакни и сакоа

Јакната е доволно да ја облечете само 5-6 пати пред да ја ставите за перење. Но, знаејќи дека јакните и сакоата се носат над други парчиња облека и не доаѓаат во директен контакт со кожата, може да се перат и поретко. Не заборавајте повремено да ги проветрите ракавите и јаката на сакото или јакната заради прашината која се собира на овие делови. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?

Пижами

Пижамите менувајте ги двапати почесто отколку што ја менувате постелнината, односно исперете ги после 3-4 носења. Луѓето не се свесни колку се потат и колку мртви клетки завршуваат на пижамите во текот на ноќта, па заради тоа мислат дека штом си легнуваат чисти, не треба често да ги менуваат пижамите. Посебно бидете внимателни со свилените пижами затоа што тие впиваат повеќе телесни течности во споредба со памучните пижами. Свилените пижами менувајте ги секој ден. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?

Здолништа

Ако носите здолниште, малку е веројатно дека работите нешто „напорно“, па затоа здолништата може да ги носите неколку пати по ред пред да ги исперете. Исклучок се белите и свилените здолништа кои треба да се перат секој ден. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?

Блузи и фустани

За да го зачувате подолго новиот изглед на блузите и фустаните, бидете сигурни дека нема да употребувате големи количини на дезодоранс. Се препорачува блузите и фустаните да се исперат после 1-3 носења. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?

Маици

Маиците перете ги исто толку често како и долната облека, односно после секое носење. Тие се во директен контакт со кожата поради што често се изложени на впивање телесни течности и затоа треба да се перат често. За маиците важи правилото од четири часа според кое, ако маицата сте ја носеле помалку од четири часа, тогаш може повторно да ја облечете без да ја исперете. Колку често треба да се перат одредени парчиња облека?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Ivana Reply

    Дали некој навистина би ги перел облеките толку често како што е наведено тука? :S

Напиши одговор на Ivana Откажи одговор