Како да вежбате правилно после 30-тата година од животот?

Кога ќе стигнете до 30-тата година од животот, сè уште сте млади и полни со енергија. Исто така, во 30-тите луѓето постигнуваат најмногу успеси – нивното образование е завршено, работат на својата кариера, создаваат семејство и имаат сила за речиси сè.

Како да вежбате правилно после 30-тата година од животот?

Но со текот на времето можеби ќе забележите дека треба да ја обновувате вашата енергија и да живеете подисциплинирано и уредно, бидејќи животот сепак си го зема својот данок. Важно е да ги одржувате телесната сила и кондиција, а кардио вежбите најмногу ќе му годат на вашиот организам.

Доколку поголемиот дел од времето седите, потребно е да воведете некои мали промени, односно да правите почести паузи за време на кои ќе се раздвижите и ќе се истегнете. Исто така можете да почнете да разговарате на телефон додека стоите.

Експертите советуваат да имате тренинзи со висок интензитет, како спринт и возење велосипед, кои ќе ги завршувате со мирно вежбање, со понизок интензитет. Овој начин на вежбање не одзема многу време – 20-тина минути дневно се сосема доволно.

На жените им се препорачуваат и Кегеловите вежби, особено после породување, со цел да ја задржат еластичноста на долниот дел од карлицата, но и да ги спречат непријатностите коишто можат да се појават во староста.

Доколку досега не сте вежбале јога, по 30-тата година можете да почнете да истражувате кој вид најмногу ви одговара.

После 30-тите, доаѓаат 40-тите и тогаш веќе вистински ќе почнете да го чувствувате влијанието на годините, особено ако имате вишок килограми или ако започнале симптомите на менопауза. Експертите советуваат дека за оваа декада од животот најдобри се вежбите со отпор – тие го спречуваат таложењето на масти и го поттикнуваат согорувањето на калориите. Исто така ќе го спречат и драстичното намалување на мускулната маса во наредните децении.

Доколку имате проблеми со болки во грбот, од помош ќе ви бидат пилатесот и јогата. Исто така можете да ги комбинирате двете, или да го менувате начинот на вежбање секој месец.

Како што наближуваат 50-тите години од животот, ќе бидете во менопауза или ќе почнете да влегувате во неа. Ќе се намали нивото на естроген во телото, а со тоа ќе се зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести. Потребно е да го намалите и прилагодите интензитетот на вежбање. Долгите прошетки во природа, краткото и брзо пешачење, како и таи чи вежбите се одлични за одржување на менталното и физичкото здравје.

Исто така често препорачувано е и пливањето, како и танцувањето. На овој начин вежбањето ќе го направите лесно и релаксирачко.

Кондицијата се одржува со активност, а со годините мускулите ја губат нивната маса. Периодите на неактивност можат да имаат многу лоши последици. Не треба постојано да лежите или да седите, туку да ја прилагодите активноста на вашите способности и потреби. Покрај тоа, физичката активност ја одржува менталната стабилност и когнитивните способности, па движењето е препорачливо, но и неопходно.

По 60-тата година од животот кога ќе забавите со вашето темпо, ќе треба повторно да го прилагодите вежбањето на вашите можности. Староста нема потреба да биде тешка доколку го чувате здравјето и останете активни.

Дали знаете зошто се дебелееме побрзо после 30-тата година од животот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар