Како да спиете во вашата омилена позиција, без да му наштетите на здравјето?

Како да спиете во вашата омилена позиција, без да му наштетите на здравјето?

Докторите тврдат дека вашата омилена позиција на спиење, може да ви предизвика здравствени проблеми. Тоа не значи дека треба да ги менувате навиките за спиење за да останете здрави, но голема е веројатноста дека треба да направите некои корекции, за поквалитетен и поудобен сон.

Прочитајте како експертите препорачуваат да спиете во вашите омилени позиции и притоа да останете во беспрекорно добро здравје.

Ако спиете на страна…

Како да спиете во вашата омилена позиција, без да му наштетите на здравјето?

Научниците откриле дека ефикасно ги отстрануваме токсините од цереброспиналната течност, доколку спиеме на страна. Ваквата позиција на спиење, ја намалува појавата од главоболки, како и ризикот од заболување од Алцхајмерова или Паркинсонова болест. Истовремено, спиењето на лева страна го намалува чувството на горење во грлото и градите, предизвикано од стомачни киселини. Од друга страна, спиењето на страна го зголемува притисокот врз црниот дроб.

  • Доколку имате дигестивни проблеми, докторите препорачуваат да спиете на лева страна. Оваа позиција го подобрува крвотокот и ја подобрува работата на хранопроводот и стомакот.
  • За да ви остане грбот прав додека спиете на страна, поставете тврда, мала перница помеѓу вашите нозе – тоа ќе го намали притисокот врз зглобовите. Под главата пак, ставете мека и голема перница.
  • Доколку имате висок крвен притисок или проблеми со циркулацијата, препорачливо е да спиете на десна страна, бидејќи тоа ќе го намали притисокот врз вашето срце.

Ако спиете на грб…

Како да спиете во вашата омилена позиција, без да му наштетите на здравјето?

Спиењето на грб, е најдобрата положба за сите оние коишто имаат проблеми со зглобовите и ‘рбетот. Оваа позиција, исто така, спречува појава на киселини во стомакот и брчки. Наспроти ова, спиењето на грб е најлоша позиција, доколку имате проблеми со носните патишта, висок крвен притисок или доколку ‘рчите.

  • За да се ослободите од ‘рчењето, користете убаво исполнето перниче или перница за врат (онаа што се користи при патување), така што воздухот што го вдишувате и издишувате, рамномерно ќе циркулира низ вашето тело.
  • Доколку ви тече носот, користете неколку перници за да ја подигнете главата. Ова ќе спречи слузницата да се задржи во вашите синуси. Внимавајте аголот да не биде премногу голем, за да не му наштетите на вашиот врат.
  • Доколку имате болки во грбот и зглобовите, поставете мало перниче под вратот, голема, рамна перница под колената и цилиндрично свиткан пешкир под долниот дел од грбот. Ова ќе овозможи идеална потпора на‘рбетниот столб, како и нормална циркулација на крвта.

Ако спиете на стомак…

Како да спиете во вашата омилена позиција, без да му наштетите на здравјето?

Јапонските истражувачи откриле дека доколку спиете со лицето надолу, тоа ќе ви го намали крвниот притисок, ќе ви го подобри варењето и ќе го спречи ‘рчењето и појавата на киселини во стомакот.

  • За да го заштитите ‘рбетот од прекумерно виткање и за да го намалите притисокот врз грбот, ставете мало перниче под стомакот и карлицата. Перницата којашто ќе ви биде под глава, треба да е тенка, а можете и едноставно да ја тргнете кога ќе ви засмета, за да не ви страда вратот.

Ако спиете како фетус…

Како да спиете во вашата омилена позиција, без да му наштетите на здравјето?

Положбата на спиење во која колениците се кренати нагоре кон брадата, може да биде многу удобна, но негативно влијае врз грбот. Оваа закривена позиција, го ограничува дијафрагматското дишење, а самото тоа го спречува ‘рчењето, но доколку имате проблеми со дишењето, предизвикани од астма, алергии и слично, не спијте воопшто во оваа положба.

  • За да го исправите грбот, осигурете се дека нозете и рацете ви се наместени во природна положба, а вашите гради се „слободни“. Поставете една голема и мека перница помеѓу вашите нозе и уште една помеѓу лактите. Докторите сметаат дека совршената перница за под глава во оваа позиција, треба да биде мала, но надуена, за да овозможи правилна потпора на вратот.

Која е вашата омилена положба на спиење? Дали веќе применувате некои од овие совети?

Прочитајте ја и оваа грешка пред спиење, која може да ви предизвика ноќни кошмари


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар