Како да се справите со депресијата кога немате волја за ништо?

Како да се справите со депресијата кога немате волја за ништо?

Депресијата може да го отежни дури и станувањето од кревет. Постојат денови кога чувството на тага е толку силно што веќе не знаете како да се справите. Депресијата е ужасна и вистински предизвик е да го поминете денот, но постојат неколку начини на кои можете да си помогнете кога сè ви изгледа безнадежно.

Како да се справите со депресијата кога немате волја за ништо?

1. Станете од креветот

Ова изгледа очигледно, но за многу луѓе и станувањето од кревет е невозможно кога се во депресија. Желбата да останете подалеку од светот е речиси неодолива кога сте депресивни. Па ако сте заробени во креветот, станете уште веднаш! Преземете и драстични мерки ако има потреба од тоа. Некои луѓе го тргаат душекот од нивниот кревет, некои редат книги врз него, некои ја тргаат постелнината. Направете сè што е потребно за да не се вратите назад во креветот.

2. Вежбајте

Најдобриот начин да се мотивирате кога сте депресивни е да излезете и да вежбате. Вежбањето го поттикнува производството на ендорфини кои не само што ќе ви го подобрат расположението, туку ќе ви ја дадат и потребната енергија за денот. Ако успеете да излезете и да бидете активни надвор, придобивките се зголемуваат.

3. Смејте се

Кога се депресивни, луѓето настојуваат да се изолираат. Интеракцијата со други им е навистина тешка. Токму затоа треба да го правите спротивното. Замислете си, можете да го поминете целиот ден во кревет, да тагувате и да губите надеж. Или пак, можете да ги поканите најдобрите пријатели кои сигурно ќе ви го подобрат расположението. Дајте сè од себе за да се насмеете. Ако навистина не можете да бидете со луѓе, пуштете си некоја комедија.

4. Направете едно мало нешто во коешто уживате

Кога сте во депресија не можете да правите ништо, а тоа само ја влошува вашата состојба. Штом ќе успеете да станете од креветот и малку да се активирате физички, направете само уште едно нешто. Одберете некоја активност што навистина ја сакате. Одете на кафе, средете ја собата, слушајте музика, одете во шопинг… Што и да е што ви причинува задоволство.

5. Бидете добри кон себе

Во депресија сте и се чувствувате навистина лошо. Но, немојте да си судите поради тоа. Немојте да мислите дека сте ужасна личност бидејќи се чувствувате така. Немојте да мислите дека сте губитник бидејќи тагата ве спречила во нешто. Важно е да ја спознаете депресијата и да ви стане јасно дека мора да ја победите. Многу луѓе страдаат од ова нарушување и тоа не е знак на слабост. Всушност, луѓето со депресија се многу посилни од другите бидејќи се соочиле со потежок живот. Бидете добри кон себе. Имајте на ум дека депресијата ќе помине и дека повторно ќе бидете личноста којашто сте. Не заборавајте да се грижите за себе.

Прочитајте и за овие терапии против депресија за кои сигурно не сте слушнале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар