9 интересни статистички факти за жените и врските

9 интересни статистички факти за жените и врските

Сакате да знаете во која мера вашите ставови се поклопуваат со мислењето на другите жени? Погледнете ги овие статистички податоци и споредете ги со вашето мислење.

9-interesni-statistichki-fakti-za-zhenite-i-vrskite-kafepauza.mk

Кога доаѓа моментот за плаќање, 33% од жените сметаат дека тоа е должност на мажите, додека 38% сметаат дека треба да се плаќа пола-пола, односно некогаш тој, но следниот пат таа.

Што се однесува до пријателствата на Фејсбук, 38% од девојките немаат проблем нивниот дечко или сопруг да има бивши меѓу своите пријатели, 27% мислат дека тоа е ОК само ако биле пријатели од претходно, но дури 34% сметаат дека воопшто не е во ред да бидат пријатели на Фејсбук со бившите.

Онлајн запознавањето веќе не се доживува толку негативно. Од 31% од девојките кои се запознале со некого преку интернет, 12% имаат остварено врска со нив. Сепак, 22% и понатаму сметаат дека интернетот не е место за запознавање момчиња.

А што кога се во прашање приходите? Повеќето жени, односно 73% немаат проблем со тоа нивниот дечко да заработува помалку од нив, а 12% веќе се во таква врска. Сепак постои и завиден број на традиционалистки – 25% од девојките сметаат дека приходот е статусен симбол за успешен дечко односно маж.

Дали ви е смачено покрај себе да имате детинест дечко? На прашањето што прво би промениле кај својот дечко, 11% се сложиле дека тоа се мрзеливоста и недостатокот на амбиција.

Повеќе од половина девојки би сакале нивните партнери да пијат контрацепциски пилули кога би се измислиле.

Девојките не се толку строги за физичкиот изглед на нивните партнери како машките. Само 20% би го оставиле дечкото ако се здебели, а вкупно 18% сакаат нивниот дечко да има поголем пенис.

Сепак, тоа не значи дека момците не би требало да бидат на штрек. 26% од испитаничките фантазирале макар еднаш за пријател на нивниот дечко или маж. 12% од девојките не би одолеале на искушението да изневерат, но само кога би биле сигурни дека тој нема да дознае.

За што жените најмногу лажат? 35% од девојките имаат излажано за бројот на соите сексуални партнерки, додека 54% некогаш имаат одглумено оргазам. Без разлика на тоа, дури 85% би се навредиле ако дознаат дека нивниот партнер им одглумил оргазам.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар