10 правила за здрав живот што се покажале како лажни

10 правила за здрав живот што се покажале како лажни

Основите за здравиот животен стил остануваат во нашето сеќавање и стануваат прифатени вистини. Кога вагата ви покажува број на којшто не сте навикнати, почнувате да се сеќавате на сите овие вистини. Верувате дека ќе ви помогнат да се вратите во форма, па почнувате да џогирате, да јадете секој ден во исто време, да избегнувате слатки, да пиете многу вода… Но дали овие правила навистина работат? Некои правила за здрав живот било потребно да се променат многу одамна.

1. Спиење 8 часа

10 правила за здрав живот што се покажале како лажни

Едно истражување спроведено од Американската академија за медицина за спиење докажало дека на луѓето им се потребни 7 часа сон за ефикасно функционирање на телото. Вашето тело има потреба од ова време за да си ја врати силата и да закрепне.

2. Јадење обилен појадок

10 правила за здрав живот што се покажале како лажни

Квантитетот на појадокот секогаш треба да зависи од индивидуалните потреби на вашето тело. Храната е корисна само кога сакате да ја јадете. Поради ова ако не можете да јадете наутро, немојте да се мачите со појадок и напијте се чаша вода.

3. Џогирање наутро

10 правила за здрав живот што се покажале како лажни

Џогирањето е навистина корисно и навечер и наутро, па ако немате време ниту желба за утринско џогирање, нема потреба од тоа. Покрај тоа наутро потребно е целосно да го разбудите телото пред да одите на џогирање. Најдобро е да појадувате и да чекате барем 40 минути пред каква било физичка активност. Во спротивно можно е да изгубите свест, да имате главоболка или да ви се појави неправилен ритам на срцето.

4. Избегнување слатки

10 правила за здрав живот што се покажале како лажни

Јадењето благо всушност е добро за човечкото тело бидејќи слатките содржат гликоза, елемент кој е клучен за нормална функција на мозокот. Поради ова не треба целосно да ги елиминирате слатките од вашето мени. Но, можете да се обидете да го намалите количеството шеќер што го консумирате. На пример, консумирајте природен јогурт, пијте топли пијалаци без шеќер или јадете суво овошје наместо слатки.

5. Вежбање додека не се истрошите целосно

10 правила за здрав живот што се покажале како лажни

„Ако не ве боли телото следното утро, не сте вежбале правилно.“ Всушност, болките во мускулите по вежбање се појавуваат ако товарот на телото бил преголем. Исто така оваа болка може да биде знак за повреда на мускулното ткиво. Во овој случај е подобро да престанете со вежбање до вашето целосно закрепнување.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар