Како да изградите силна самодоверба кај вашето дете?

Здравата самодоверба е многу важна особина што секој родител треба да се обиде да ја развие кај своето дете. На тој начин, ќе му помогне да биде подобро во социјалниот живот, но и ќе има подобро однесување и постабилно ментално и емоционално здравје. Исто така, ќе ги научи како да поднесуваат притисок во иднина и да се соочуваат со животните предизвици.

Како да изградите силна самодоверба кај вашето дете?

Самодовербата е основа на тоа што детето мисли за себе и како самото се доживува. Врз него влијаат и многу фактори како што се поддршката и љубовта од луѓето кои му се најважни во животот, како што се родителите и блиското семејство. За еден родител да постави здрави основи на самодоверба, потребно е да:

1. Покажувајте љубов кон детето секој ден

На тој начин вашето дете се чувствува безбедно и сакано, што е многу важен чекор во тоа како се доживува себеси. Потоа, во текот на детството, ќе успее полесно да скопува пријателства, но и ќе има поголемо чувство на одговорност. Исто така, ќе биде поспособно да биде дел од тим, но и да развива поцврсти врски со луѓето кои ги среќава.

2. Забавувајте се со вашето дете

Поминувајте што повеќе квалитетно време со вашето дете. Можете и само да се забавувате или да играте некоја игра. На овој начин им помагате да се развијат во интересна и забавна личност, која умее да создава социјални врски со луѓето наоколу. Среќните деца, подоцна во животот имаат помал ризик од анксиозност.

3. Научете го на одговорност

Кога вашето дете знае дека има цел, вие всушност му помагате да ја извежба својата одговорност. Дури и кога нема да ја изврши задачата совршено, потребно е да го пофалите, да му ги предочите грешките и да му дадете шанса по некое време да се обиде повторно.

4. Дозволете да биде независно

Со почетокот на школувањето, вашето дете секој ден ќе станува сè понезависно. Почнете да му дозволувате само да стигне до училиштето, само да ги пишува домашните задачи, но и да си ги средува училишната чанта и опремата за на тренинг. Не потценувајте ги неговите способности само затоа што е мало.

Како да изградите силна самодоверба кај вашето дете?

5. Научете го дека падовите носат важни животни лекции

Секоја грешка, која резултира со пад или неуспех, не смее да го обесхрабри детето, туку напротив, да го мотивира следниот пат да биде најдобро во тоа што го прави. Прифаќањето на падовите и поразите и нивното користење како животни лекции се клучна вештина во правилниот ментален развој кај децата.

6. Не користете навреди

Не го навредувајте своето дете ако згреши и не користете погрдни зборови кога некој друг ќе згреши. Нормално е некогаш да бидете бесни или лути поради него, но запаметете дека тоа еден ден треба да биде здрава возрасна личност. Научете го да ги препознава последиците од лошите постапки, наместо да го повишувате тонот или да ги казнувате.

7. Одлепете се од социјалните мрежи

Денешниот начин на живеење наложува сè почесто да сме со мобилните телефони во рака, но кога треба да поминете време со вашето дете, оставете го телефонот настрана. Никое дете не сака да биде игнорирано на сметка на електронски уред.

8. Сфатете дека самодовербата не е исто што и ароганција

Површното верување е дека личностите кои зрачат со самодоверба се и арогантни, но тоа воопшто не е точно. Научете го вашето дете да верува во себе, но и да негува вештини како што се емпатијата, љубезноста, добрите манири, хуманоста и благодарноста.

Прочитајте и како да разговарате со вашите деца за секс.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар