4 знаци дека барате љубов на погрешно место и како да го промените тоа

4 знаци дека барате љубов на погрешно место и како да го промените тоа

Можеби сте подготвени за сериозна врска, но како да немате среќа да го пронајдете вистинскиот партнер. Причината најверојатно е тоа што ја барате љубовта на погрешни места. Дури и кога ви изгледа како да правите сè како што треба, постојат некои работи за кои сигурно немате ни помислено. Па, ако не сте сигурни дека сте на вистинскиот пат, овие знаци ќе ви го покажат тоа, но и ќе ви покажат какви промени треба да направите.

4 знаци дека барате љубов на погрешно место и како да го промените тоа

1. Не планирате однапред

Еден од знаците дека барате на погрешно место е тоа што немате план. Секоја одлука ја донесувате во последна минута, излегувате со пријатели, но немате никаква стратегија. Ако сакате да сретнете нови луѓе, потребен ви е план за посета на места и настани каде што има повеќе луѓе. Искористете ги тие настани во ваша корист.

2. Посетувате погрешни настани

Ако одите по барови и очекувате да сретнете некој, или очекувате да ја најдете сродната душа на некоја венчавка, најверојатно не правите нешто како што треба. Потребни ви се повеќе од неколку часа за да се поврзете со некого. Штом ќе го напуштите факултетот, луѓето што ќе ги сретнувате на овие настани нема да имаат исти цели како вас. Одењето во бар за да најдете љубов често е грешка бидејќи луѓето кои излегуваат таму во главно бараат забава.

Подобро е да посетувате некои часови, да се запишете на некој спорт или слично. На овој начин ќе бидете опкружени со новите луѓе почесто. Покрај тоа, кога одбирате настани од овој тип важно е да има луѓе кои ви одговараат. Ако сте жена која сака да запознае маж, фитнес тренингот наменет за жени нема да биде добар избор.

3. Веднаш очекувате резултати

Многу луѓе штом веднаш не забележат некаков резултат, се откажуваат. Важно е да сфатите дека ако барате нешто одредено, потребно е време пред да забележите што било. Значи, ако го следите советот и се запишете на некој час, а не пронајдете некој веднаш, не треба да се откажувате. Можеби треба да излезете со тие луѓе и да запознаете некои од нивните пријатели. Целта ви е да го проширите социјалниот круг. Прифаќајте ги поканите за идни забави и настани.

4. Не одите на нови места

Ако постојано одите на истите места во вашето соседство, ќе се ограничите. Потребно е да бидете поотворени. Луѓето можат да се движат и да бидат на едно место привремено. Ако останете само на една локација, се ограничувате само на она што е пред вас.

Ако сакате да сретнете некој навистина добар, потребно е да инвестирате време и енергија одејќи на вистинските места и настани. Ако се потрудите и пробате нешто ново, со тек на време сигурно ќе пронајдете некого.

Погледнете и како да најдете љубов што ќе трае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар