Исхраната како авантура: Како влијаат експериментите во кујната врз вашето здравје?

Исхраната како авантура: Како влијаат експериментите во кујната врз вашето здравје?

Експериментите во кујната се интересни, честопати многу вкусни, но дали знаевте дека тие влијаат и врз вашето здравје? Пробувањето различна храна, креативното комбинирање вкусови и експериментите во кујната имаат позитивен ефект врз вашето здравје, покажуваат истражувањата.

Исхраната како авантура: Како влијаат експериментите во кујната врз вашето здравје?

Експериментирајте во кујната и ќе бидете поздрави

Ако се прашувате која е најважната промена што можете да ја воведете во вашата исхрана, тоа е пробувањето нова храна.

Кога јадете разновидна храна, вашата исхрана е побогата со витамини и минерали. Тоа го потврдуваат и истражувањата: љубителите на нови вкусови јадат повеќе протеини, влакна и здрави масти. Авантуристките во кујната консумираат 50% повеќе зеленчук отколку другите жени, според резултатите од едно финско научно истражување.

Како да постигнете поголема разновидност?

Донесете одлука дека секој пат ќе се враќате од пазарење со барем една намирница што претходно не сте ја пробале. Потоа, околу подготовката на нова храна, организирајте цел „настан“ за вашето семејство, за пријателите или за себе. Во рестораните, секогаш изберете нешто ново за вас. Она што особено ви се допаѓа, обидете се да го направите дома подоцна. Кога сте на гости, прашајте ја домаќинката за начинот на кој го подготвила јадењето.

Ќе бидете поздрави

Воспалителните процеси во телото се јавуваат поретко кај луѓе кои јадат разновидна храна. Тие имаат поголема веројатност да имаат оптимално ниво на холестерол и на омега-3 киселини и помал ризик од срцеви заболувања и дијабетес, во споредба со луѓето кои не сакаат да пробаат нова храна.

Пробувањето нови, егзотични вкусови и јадења може да биде мала, едноставна работа, достапна за секого, што ќе го направи секојдневието поинтересно и повозбудливо. Лесно е да влезете во рутина и да јадете кајгана за појадок подготвена на ист начин секој ден. Но, доволно е само да додадете нов зачин (мајчина душица, босилек или власец), за целата кујна да мириса сосема поинаку.

За целосно уживање во оброкот, џвакајте полека, вклучете ги сите сетила. Восхитувајте им се на боите, мирисот, текстурата на јадењето и, се разбира, неговиот вкус. Исхраната нека стане ваше поле за креативност и игра.

Кои намирници да ги пробате?

  • Мисо паста
  • Јапонски јаболка
  • Оризови нудли
  • Манго
  • Путер од јаткасти плодови
  • Разни видови мешунки (леблебија, кафеава, зелена и црвена леќа)
  • Разни видови житарки што ќе ги користите како прилог или додаток на супи и салати
  • Сите достапни видови печурки
  • Различни сорти на зелени лиснати салати (како рукола и сл.)
  • Нови зачини и сосови

Откријте дали може да го јадете само тоа што го бара вашето тело и да слабеете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар