Фантастичен летен вкус: Овошен десерт со крем од ванила!

Фантастичен летен вкус: Овошен десерт со крем од ванила!

Направете ги овие мини тортички кои се комбинација од лимон, бисквити и ванила. Веруваме дека вкусот ќе ве воодушеви!

Фантастичен летен вкус: Овошен десерт со крем од ванила!

Во потрага сте по едноставен и лесен рецепт за летен овошен десерт со фантастичен вкус?

Потребни состојки за бисквитот од лимон:
  • 3 јајца
  • 150 грама шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 мл јогурт
  • 150 мл масло
  • рендана кора од 1 лимон
  • 150 грама остро брашно
  • 70 грама мазно брашно
  • 1 прашок за печиво
Потребни состојки за кремот од ванила:
  • 300 мл млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 3-4 лажици шеќер
  • 30 грама путер или маргарин
  • 1 кесичка шлаг во прав
Подготовка на бисквитот:
  1. Изматете ги пенливо јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете ги јогуртот и маслото.
  2. Додадете ги претходно изренданата кора од лимон, брашното и прашокот за печиво.
  3. Калапите за мини тортитчките наполнете ги малку повеќе од половина.
  4. Печете на 180 степени, околу 30 минути.
Подготовка на кремот:
  1. Сварете го пудингот со шеќер во 300 мл млеко како што вообичаено го правите.
  2. Додека е уште тпол додадете го путерот и измешајте, па оставете го да се лади.
  3. Кога сосема ќе се излади, додадете го и изматениот шлаг.
  4. Дополнете ги калапите со изладениот крем и украсете со овошје по желба.

Фантастичен летен вкус: Овошен десерт со крем од ванила!

Погледнете го и рецептот за овој кремаст колач со овошен фил кој не се пече.

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар