Еднодневна детоксикација за сите зафатени жени што се грижат за своето здравје

Еднодневна детоксикација за сите зафатени жени што се грижат за своето здравје

Детоксикацијата на телото е многу важна и ако ги прашувате докторите, треба да се прави секој месец. Со оглед на тоа што не можеме постојано да контролираме каква храна внесуваме во организмот, ова е најдобриот начин да го ослободиме телото од штетните состојки. Овој пат, ви претставуваме одличен еднодневен детоксикациски план доколку немате време да одвоите повеќе време, а сакате да бидете поздрави.

Еднодневна детоксикација за сите зафатени жени што се грижат за своето здравје

Наутро

Денот започнете го со чаша млака вода со свежо исцеден лимонов сок што го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето. Пред појадокот не би требало да правите тешки вежби, па ако сакате да бидете активни, одберете јога бидејќи таа ве буди и ви дава сила за целиот ден. За појадок подгответе оброк што ќе ви даде доволно енергија и ќе ве држи сити до самиот ручек. Смудито е едно од најдобрите решенија. За време на процесот на детоксикација, најдобро е да го исфрлите кафето и да изберете зелен чај.

Во текот на денот

Колку повеќе се движите, толку подобро ќе се чувствувате. Ако не можете да излезете на пауза, тогаш барем прошетајте низ канцеларијата. За ручек не одбирајте тешки оброци, туку заменете го месото со супа или салата, а по јадењето размрдајте се за да го поттикнете варењето. Ако мислите дека не можете да издржите до вечерата, тогаш додајте една здрава ужина. Најдобро е тоа да биде зелен сок, направен од комбинација на зелени овошја и зеленчуци.

Навечер

Пред да тргнете кон дома, дозволете си спа третман или масажа со цел да се опуштите. Нека вечерата ви биде здрава, богата со протеини и со свежо овошје. За крај, сонот е клучен – бидејќи тогаш телото најдобро се чисти од токсини. Сонот е поврзан со губењето килограми, нивото на стрес и целокупното здравје. Пред спиење можете да направите и неколку јога пози за дополнително опуштање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар