Доколку сте еден за друг, овие 10 работи никогаш нема да можат да ве разделат

Доколку сте еден за друг, овие 10 работи никогаш нема да можат да ве разделат

Кога е вистинската љубов во прашање, не постојат многу работи кои се несовладливи. Можеби вистинската љубов со силни емоции, не може да се избори со некои тешки препреки, но со овие секако би требало. Немојте да бидете злопамтило, бидејќи тоа нема да донесе ништо добро за вас и вашиот партнер. Решете ги сите несогласувања веднаш и продолжете понатаму без „багаж“. Доколку навистина сте еден за друг, овие 10 работи никогаш нема да можат да ве разделат.

1-dokolku-ste-eden-za-drug-ovie-10-raboti-nikogash-nema-da-mozhat-da-ve-razdelat-www.kafepauza.mk_

1. Големи очекувања

Ако навистина сака да биде со вас, вашиот партнер ќе се обиде да напредува за да ги исполните сите ваши (реални) очекувања. Нема да биде мрзлив и ќе има волја да вложува напор за да ја зацврсти вашата врска. Едноставно, ќе посака да биде подобра личност покрај вас.

2. Ирационални стравови

Ако е вистинскиот за вас, тој ќе ви помогне да се смирите доколку сте уплашени заради нешто. Нема да ве обвинува дека заради нешто сте ја изгубиле главата. Тој ќе ви помогне да ја совладате таа криза.

3. Долго минато

Сте лажеле, сте „влечеле“ некого за нос, сте изневерувале. Сите во своето минато правеле некои работи за кои не се горди, но кога ќе се појави вистинскиот, сето тоа се остава зад себе. Во врската полна со љубов и доверба нема место за овој „куфер“ од минатото.

2-dokolku-ste-eden-za-drug-ovie-10-raboti-nikogash-nema-da-mozhat-da-ve-razdelat-www.kafepauza.mk_

4. Чуден карактер

Сите тие глупости кои ќе ги кажете би требало да прават вашиот партнер да ве сака повеќе, а не помалку. Ако не ја сака вашата чудна смисла за хумор, тогаш не ве сака ниту вас. Заради тоа е подобро да пронајдете личност на која ќе ѝ се допаѓаат работите кои се својствени за вас, така што не морате да размислувате што ќе направите следно или што да изговорите, од страв да не бидете сфатени погрешни.

5. Необично семејство

Вашиот партнер не би требало да се плаши од вашите најсакани, без разлика какви се тие. Ако врската е сериозна, тој мора да го разбере тоа, бидејќи сите имаат по некоја „црна овца“ во семејството.

6. Силни емоции

Не би требало да се воздржувате за да му кажете на вашиот партнер како се чувствувате. Ако е тоа она вистинското, тогаш вашата врска би требало да биде само поцврста кога сте отворени и искрени. Доколку тој бега секојпат кога ќе му кажете како навистина се чувствувате, тогаш вашата врска нема да потрае долго.

7. Физички изглед

Ако ве остави откако сте добиле некој килограм повеќе, тогаш очигледно дека му е грижа само за вашето тело. Ако тоа е вистинска љубов, тогаш нема да се грижи за вагата сè додека вие се чувствувате добро.

3-dokolku-ste-eden-za-drug-ovie-10-raboti-nikogash-nema-da-mozhat-da-ve-razdelat-www.kafepauza.mk_

8. Цврсто мислење

Мислењата се секогаш важни, дури и кога сте дијаметрално спротивни. Вие слушате поп, тој хард рок – нема место за расправија, компромисот е решение.

9. Финансиски проблеми

Без разлика дали вие или вашиот партнер сте шворц, тоа секако внесува стрес во врската. Ако навистина сакате вашата врска да успее, морате заедно да штедите пари. „Тркалото на среќата се врти“, а истото важи и за финансиската ситуација на двајцата партнери.

10. Лутење

Довербата и комуникацијата се важни. Но, опростувањето е уште поважно. На секого му се случува да погреши, дури и на совршениот партнер. Немојте да бидете злопамтило, бидејќи тоа нема да ви донесе ништо добро. Решете ги сите проблеми што ги имате и продолжете понатаму без никаков „товар“.

За да опстане вашата љубов, треба да ја негувате, а паровите кои вистински се сакаат никогаш не престануваат да ги прават овие работи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар