Девојки, вака ќе го натерате да ве запроси

Девојки, вака ќе го натерате да ве запроси

Заедно сте со години, вашите другарки веќе раѓаат деца и ги менуваат темите за разговарање, родителите постојано ве прашуваат дали планирате нешто, а тој никако да го направи тој чекор. Почнувате да се загрижувате дека можеби нешто не е во ред со вас. Притисоците од околината само го засилуваат сомнежот дека можеби никогаш нема ни да му текне да ве побара за жена.

0-devojki-vaka-kje-go-naterate-da-ve-zaprosi-kafepauza.mk

Постојат неколку начини мажите да се заинтересираат за женидба. Притисоците и нетрпението од жена која сака да се омажи обично не се добра идеја. Непланираната бременост, заканата за одземање на својот живот и решавањето на материјалниот статус пак, по правило завршуваат со прекинување на врската.

1-devojki-vaka-kje-go-naterate-da-ve-zaprosi-kafepauza.mk

Љубовта не може да се форсира. Трпение, мудрост и по малку лукавост е добитна комбинација која може да вроди со успех. Еве неколку совети:

  • Фалете го, дури и за малите успеси и достигнувања.
  • Флертувајте со него и после долго време поминато заедно, исто како првиот ден.
  • Не одрекувајте се од своите пријатели, хобија и интереси. Тој треба да знае дека не е центарот на вашиот живот.
  • Не наметнувајте го разговорот за брак и свадба без оглед колку брзо отчукува вашиот биолошки часовник.
  • Гответе му вкусни јадења, покажете му дека ви се важни чистотата и редот во домот, бидете нежни во кревет и не казнувајте го со помалку секс.
  • Не доживувајте ја неговата мајка како ривалка бидејќи таа всушност може да помогне во остварувањето на вашата цел.
  • Често бидете во друштво на среќни брачни парови за да му овозможите постепено да се привикне на таа ситуација и да сфати дека бракот не е толку страшен.
  • Дискретно кокетирајте со други машки за да му дадете до знаење дека не е единствен кандидат за вашите рака и срце.
  • Никогаш не кажувајте дека ќе ја напуштите работата кога ќе се земете за да се посветите на домот и семејството.
  • Покажете дека сте одговорни кон парите.
  • Одвреме-навреме исчезнувајте од неговиот живот на неколку дена давајќи му прилика да почувствува колку му недостигате.
За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар