Дали со овие изговори се браните од љубовта?

Дали со овие изговори се браните од љубовта?

Ако сте во врска, изговорите ви помагаат да останете на дистанца, односно да го задржите аголот на набљудување од кој постојано го проценувате партнерот додека истовремено имате чувство дека не сте задоволни од него за да му дозволите да ви се приближи. Ако сте сингл, изговорите ви служат за да го отфрлите потенцијалниот партнер, пред работите да отидат предалеку, па и во овој случај го задржувате истиот агол – дека тој не е доволно добар. Можеби ги користите изговорите несвесно, а со тоа се оддалечувате од емотивното вложување и љубовта.

1-dali-so-ovie-izgovori-se-branite-od-ljubovta-www.kafepauza.mk_

1. „Немам време за сериозна врска“

Како сериозната врска да е осумчасовно работно време, а вие моментално работите на некој проект, кои ги ангажира сите ваши капацитети, па не можете да издвоите неколку минути за внимание за со некого да поминете заедно неколку часа неделно. Сериозната врска не мора да значи да сте со некого целодневно.

2. „Не можам да се прилагодам на никого“

Тоа најверојатно е вистина. Но, можеби тој некој ќе се прилагоди на нас. Можеби тоа прилагодување ќе биде двострано и можеби ќе ви донесе повеќе задоволство отколку што сте очекувале. Колку е страшно да ја промените вашата секојдневна рутина за да пружите шанса на некого кој сака да заземе место во вашиот живот?

3. „Ја имаше својата шанса“

А зошто да нема уште една? Секој човек греши. Можеби и ние правиме грешка, која не мора да биде непоправлива ако некому одлучиме да му пружиме втора шанса. Меѓутоа вие тоа нема да го направите, бидејќи тоа е вашиот механизам за заштита и одбрана од љубовта и всушност само чекате тој да погреши. Кога чекате грешка, грешка и ќе добиете. Кога барате изговор од некого да побегнете или да не му дозволите да ви се приближи, изговорот ќе го најдете. Најлесно е да обвините некого без да погледнете во вашето мало исплашено срце.

4. „Не ми влева доверба“

А тоа секако нели е нечија способност да ви влева доверба, а нема врска со вашата способност вие да влеете некому доверба!? Секогаш може да се вадите на вашите лоши искуства. Но, ако си го вратите филмот, вашата доверба секогаш ја изневерувале баш оние кои ви ја влевале, а не оние кон кои вие сте се отвориле по сопствена желба.

5. „Не е вистински момент за нас“

Секој момент е вистински момент ако ни се случува она што одамна сме го посакувале и она на што одамна сме престанале да се надеваме. Единствено нешто за што не е вистински момент е она што не сме спремни да го загриземе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар