Дали е време да ставите крај на вашата врска?

Дали е време да ставите крај на вашата врска?

Дали сте во врска којашто ве први несреќни и ве тера да се прашувате дали можеби е време за крај? Дали ви е страв за иднината и се прашувате дали раскинувањето е вистинскиот чекор? Раскинувањата се навистина тешки. Сите врски започнуваат со надеж дека ќе траат и навистина е тешко кога ќе сфатите дека реалноста е друга. Доколку се прашувате дали е време да се збогувате со партнерот, обрнете внимание на овие знаци.

Дали е време да ставите крај на вашата врска?

1. Не се чувствувате добро во врска со себе

За секоја врска е клучно да се чувствувате добро во врска со себе. Ако мислите дека ви е потребен некој за да ве дополни и ако ви е страв да бидете сами, тогаш не сте на добро место и добрата врска е нешто невозможно. Луѓето кои имаат премногу потреба од партнерот или имаат проблем со несигурноста не се добри партнери. Ако се чувствувате така, вашата врска не е здрава и можеби е време за крај.

2. Не можете да разговарате со партнерот

Често врските завршуваат бидејќи партнерите не можат да комуницираат меѓу себе. Не можат да разговараат за нивните чувства, ниту пак да слушнат за чувствата на партнерот. Врските можат да бидат навистина интензивни и лични, па за да се справите со нив комуникацијата е од голема важност. Кога ќе настане проблем, потребно е да се соочите и да најдете заедничко решение. Важно е да добивате, но и да давате, така што во врската ќе постои рамнотежа. Во спротивно ќе почнете да го барате она што ви е потребно надвор од врската, а тоа е сигурен знак за крај.

3. Опсесивни сте

Дали целиот ден го минувате размислувајќи за вашиот партнер? Дали постојано го следите на социјалните мрежи и размислувате каде би го сретнале? Доколку се пронајдовте, најверојатно станува збор за опсесивна љубов. Во овој случај вие имате потреба да го поседувате партнерот и не можете да прифатите одбивање. Љубовта е прекрасна емоција, додека опсесијата е деструктивна. Па ако она што го чувствувате за партнерот е опсесија, најдобро е да ставите крај на врската. Овој однос не е здрав ни за партнерот, ни за вас.

4. Немате ваш живот

Важно е партнерите да не зависат еден од друг за нивната среќа. Кога сте во врска важно е да имате живот и надвор од неа. Имајте работа, хоби или каква било обврска што ќе ја правите сами и ќе ја сакате. Важно е да имате и други пријатели освен партнерот. Исто така поминувајте време сами за да ви биде удобно во ваше друштво. Ако целосно се потпирате на партнерот за вашата среќа, можеби е време за збогување.

5. Партнерот ви испраќа измешани пораки

Дали понекогаш партнерот е совршен, а следниот ден се оддалечува од вас? Никој не заслужува такво однесување. Ако тој навистина ве сака, ќе биде подготвен да направи сè за вас. Доколку ве сака само некои денови, а другите не сака ни да ве види, тогаш не ви е потребен во вашиот живот.

6. Не ја добивате потребната љубов

Најважното нешто што го бараме во врските е љубовта. За жал многу луѓе се со партнери кои не им го овозможуваат тоа. Дали партнерот повеќе не се грижи за вашите чувства? Дали не ви обрнува внимание како порано? Дали не слуша кога му зборувате? Овој партнер повеќе нема што да ви понуди и голема е веројатноста да не е вљубен во вас. Па, добро размислете за вашата врска. Што направил партнерот за вас во последно време? Ако не можете да се сетите на ништо, можеби е време за крај.

7. Минатото се повторува

Дали вие и партнерот сте заглавени во циклус од добри и лоши денови? Дали ви изгледа како овие денови да се повторуваат? Дали раскинувате, а по неколку недели партнерот ви се јавува да ви каже дека му недостасувате? Ако ви е позната оваа шема каде што врската не е постојано добра, тогаш е време да продолжите понатаму.

Дали знаете кои се 4-те фази на раскинувањето?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар