3 несовршености кај мажите што жените ги обожаваат

Машкиот шарм доаѓа во разни облици, а привлечноста кај спротивниот пол често е поттикната токму од „мааните“ на машкото тело за коишто тие најчесто се срамат. Токму тие ситници и несовршености стануваат неодоливи за голем број жени, поради што и тие чувствуваат поголема привлечност. Следуваат 3-те најчести примери за несовршености на машкото тело што жените едноставно ги обожаваат.

1. Стомаче

Дури 2/3 од испитаните жени во една онлајн анкета потврдиле дека малото стомаче кај мажите е посекси одошто претходно се мислело. Имено, жените изјавиле дека попрво би сакале да видат природно стомаче кај „нормален“ маж одошто камени мускули кај маж опседнат со огледало, тегови и протеини. Изгледа умереноста секогаш е приоритет.

2. Брада

Младата брада од само неколку денови е вистинска мамка за припадничките на женскиот пол. Не станува збор за брадата што е одржувана во одредена должина, туку за онаа што израснала затоа што мажите едноставно немале време да се избричат 2-3 дена.

3. Знаци на стареење

Анкетата исто така потврдила дека за жените седата коса кај мажите е многу секси. Иако денес сè повеќе и повеќе мажи одбираат да ги кријат знаците на стареење, за да го задржат својот младешки изглед, за жените изгледа тоа воопшто не е проблем кога станува збор за привлечноста.

Погледнете ги и овие 11 „срамотни“ ситници за сексот за кои жените се грижат, а мажите не ги ни забележуваат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар