Зошто никогаш повеќе не треба да ги перете вашите алишта на 30 степени?

На колку степени ја перете вашата шарена облека? Ако одговорот е на 30 или 40 степени, имаме лоши вести за вас! Имено, температурата на перење од 40 степени е на самата граница, но 30 е критична, затоа што многу бактерии, како ешерихија коли, успеваат да преживеат дури и на 37 степени. Со други зборови, ако постојано ја пуштате вашата машина на 30, бактериите можат да се задржат на ткаенината и потоа да се пренесат на членовите од вашето семејство.

Бидејќи температурата од 40 степени е на самата граница, микробиолозите советуваат за секој случај да не ја пуштате вашата машина на помалку од 60 степени, особено кога ја перете облеката на вашите најмали. Од друга страна пак, кога перете долна облека, пешкири, кујнски крпи и постелнина, правете го исклучиво на 90-95 степени со цел да го заштитите вашето здравје, но и здравјето на вашите најмили.

Прочитајте ги и овие 10 важни совети за правилно перење во машина за алишта и сушење на зимската јакна.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. biljana Reply

    Zaboravate deka vo vodata se stava deterdzent, ne se pere samo so voda. Sadovite so kolku stepena gi miete – a pak jadete vo niv

Остави коментар