Чувајте ја вашата љубов за некој кој ја заслужува

Многу често трошиме енергија на луѓе кои не нѐ ценат и не нѐ сакаат. Даваме сѐ од себе за да им докажеме колку вредиме, но тие не можат да го согледаат тоа. Наместо да ги трошите емоциите на луѓе кои не се грижат за вас, чувајте ги за некој кој сам ќе ги забележи и ќе ги цени.

Чувајте ја вашата љубов за некој кој ја заслужува

Чувајте ги плановите за идеалните љубовни состаноци со вечера под свеќи за некој кој ќе биде тука за вас и ќе ви ги возврати чувствата. Чувајте ги за некој кој нема да ги откаже плановите во последен момент, туку ќе ви каже колку убаво си поминал и ќе сака цела вечер да разговара со вас.

Чувајте ги вашите тајни за некој кој ќе ги чува како да се негови. Чувајте ги за човекот кој никогаш нема да ги издаде или да ги искористи против вас, туку ќе ги заштитува како да е нивен чувар.

Чувајте ги вашите повици и пораки за некој кој нема да ве остави да чекате. Чувајте ги за човекот кој веднаш ќе ви врати дури и да е зафатен, кој нема да чека вие први да се јавите и нема да се нервира поради тоа што постојано му праќате пораки во текот на денот, туку ќе биде среќен што ги добива.

Чувајте ги вашите напори за некој кој ќе ги разбере. Чувајте ги за човекот кој ќе види колку се трудите, кој ќе биде благодарен и ќе се труди исто толку за да ве направи среќни.

Чувајте го вашето време за некој кој нема да го потроши залудно. Чувајте го за човекот кој ќе го цени тоа што сте нашле време за него во вашиот преполн распоред и ќе сака да го споделува неговото време со вас.

Чувајте ја вашата љубов за некој кој ќе ви ја возврати. Чувајте ја за човек кој нема да си игра со вас, кој нема да ја искористи за свои цели и кој нема да ви го скрши срцето, туку ќе ве сака со истиот интензитет и страст.

Чувајте ја вашата доверба за некого на кого ќе можете да се потпрете. Чувајте ја за човекот кој секогаш ќе ве заштитува и ќе биде тука за вас, во добро и во лошо.

Чувајте го вашиот живот за некој кој нема да ве зема здраво за готово. Чувајте го за човек кој ќе ве почитува и ќе ви се восхитува, кој нема да се однесува со вас како да сте втора опција и кој нема да ги искористува вашите емоции, туку секогаш ќе биде тука за вас.

Чувајте ги вашите ветувања за некој кој ќе ги исполни неговите ветувања. Чувајте ги за човек кој ќе ги цени и ќе биде свесен колку вредат.

Чувајте се себеси за некој кој навистина ве заслужува. Чувајте се за тој човек, бидејќи тој ќе биде тука за вас што и да се случи, ќе ве сака независно од вашиот изглед, финансиски и општествен статус. Тој ќе ве сака поради вашата личност и нема да си замине веднаш штом добие попримамлива понуда.

Бидете трпеливи и почекајте го човекот кој ќе ве заслужува, наместо да си го потрошите животот на некој кој никогаш нема да ви ја возврати љубовта. Можеби ќе треба да помине време, но кога тој ќе се појави, ќе сфатите дека целото чекање се исплатело!

Доколку не сте сигурни дали сте со вистинскиот човек, следниве 19 знаци ќе ве уверат дека тој ги заслужува вашето внимание и љубов.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар