9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзо

Дали секое утро со нетрпение го очекувате првото кафе? Дали не можете да изгледате филм без огромна порција пуканки со путер? Ако одговорот е да, не сте единствените. Постои верување дека се потребни 21 ден за да се создаде нова навика. Но Филипа Лели и нејзините колеги од Универзитетскиот колеџ во Лондон докажале дека во просек, потребни се 66 денови за да претворите нешто во навика. А ослободувањето од некоја навика која веќе е формирана, бара повеќе време. Сепак, вреди да размислите кои од вашите навики се здрави, а кои можат да ви наштетат. Во продолжение погледнете неколку чести навики кои е најдобро да ги оставите во минатото. И имајте на ум, секоја лоша навика може да се замени со нова и поздрава.

1. Не ставајте ги нозете таблата во автомобилот

9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзо

Патниците сакаат да седат во најудобната можна положба. Сигурно ја имате забележано оваа положба на седење во многу филмови. Но во реалноста таа може да биде навистина опасна. Покрај тоа што ова е ужасна позиција во случај на сообраќајна несреќа, треба да бидете свесни и за кочењето. Ако ги држите нозете на висина со главата, тоа значи дека нозете ќе удрат во вашето лице ако автомобилот нагло застане. Ударот може да резултира со скршеници и долг период на заздравување.

2. Не закачувајте влажни крпи во тоалетот и не ја тргајте завесата на една страна

9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзо

Ова движење е речиси несвесно – ја тргате завесата, се сушите и ја закачувате влажната крпа. Но оваа навика е многу нехигиенска. Бактериите лесно се размножуваат во влагата на крпата, а во наборите на тргнатата завеса лесно може да се формира мувла. Најдобро е да ги оставите и крпите и завесата да се исушат, а потоа да ги закачите или да ги тргнете.

3. Не пијте кафе на празен стомак

9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзо

Многу од нас го започнуваат денот со влегување во кујна и подготвување кафе. Ова е можеби најчестата навика низ целиот свет. Но има еден проблем, повеќето пијат кафе на празен стомак. И покрај тоа што кафето си има свои предности, има и неколку недостатоци. Ако пиете кафе на празен стомак, можете да предизвикате дигестивни проблеми и киселини. Кога сте гладни и кога размислувате за храна, вашиот стомак лачи гастрична киселина. Кога пиете кафе, се случува истото, само што по него не следува тврда храна. Ова предизвикува прекумерно лачење на киселината која може да го оштети вашиот желудник. Специјалистите препорачуваат да пиете кафе само по појадокот или попладне.

4. Не јадете пуканки

9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзо

Кој не сака огромна солена порција пуканки пред големиот екран? Традицијата да купите пуканки и нешто за пиење за да гледате филм трае многу долго, но всушност е штетна навика. Заболекарите тврдат дека пуканките може да ги оштетат вашите заби. Некои честички од пуканките се заглавуваат во вашите заби и се отстрануваат навистина тешко, без разлика колку добра грижа водите за вашите заби. Исто така имајте на ум дека пуканките во кината имаат премногу масти.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар