Царски компир: Комплетен ручек или гарнир за риба или месо

Љубителите на компири ќе уживаат во ова јадење – крцкавата кора и сочната внатрешност со кремаста текстура го прави овој специјалитет идеален рецепт за овој викенд!

Царски компир: Комплетен ручек или гарнир за риба или месо

Потребни состојки:

  • 4 поголеми компири
  • 50 г путер
  • 2 јајца
  • 100 мл кисела павлака
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите добро измијте ги и сварете ги со сè лушпата, во солена вода.
  2. Кога ќе се изладат, излупете и изрендајте ги.
  3. Изматете го омекнатиот путер со жолчките за да стане пенест.
  4. Компирите измешајте ги со киселата павлака, а потоа спојте ги и со жолчките со путер.
  5. Изматете ги белките во цврст снег (додадете и малку сол) и полека додајте ги во смесата со компири.
  6. Подмачкајте ја огноотпорна тава со путер и печете ги во рерна на 200 ᵒC, сè додека не добијат златно-жолта боја.
  7. Забелешка: Може да додадете и други зачини што ви се допаѓаат – малку жалфија, сушено оригано или рузмарин. Исто така, пред да ги послужите, можете да ја посипете врелата површина со малку пармезан.

Можеби сакате да го дознаете и еден многу едноставен рецепт: Крцкави полжави со зелка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар