Барате место за старт на свој бизнис? 10-те најдобри градови за жени бизнисмени

Барате место за старт на свој бизнис? 10-те најдобри градови за жени бизнисмени

Дали некогаш сте помислиле дека би било одлично да си започнете сопствен бизнис и да се занимавате со одредена професија којашто комплетно ве исполнува? Тоа би значело дека самите ќе си бидете шеф, ќе имате можност да остварите убава заработка, а притоа и да уживате во вашата најголема страст. Можеби сте отишле дотаму, па сте се замислиле себеси како исклучително успешни бизнисмени кои развиле одредена идеја и фирма, која големите корпорации потоа би ја откупиле од вас… Секако сето тоа е возможно, ако доволно силно верувате во вашите сништа и во вашите способности. Но, не заборавајте, да се биде успешен значи и многу да се работи, попатно да имате многу откажувања, а можностите за неуспех се на секој чекор, што значи дека треба и многу упорност. Сè повеќе жени се одлучуваат да започнат свој бизнис, да отворат своја фирма и да го остварат својот сон. Но, каде најдобро би поминала вашата идеја и каде има најдобри услови за развивање на бизниси на чие чело стојат жени?

(1) Барате место за старт на свој бизнис? 10 - те најдобри града за жени бизнисмени

Според еден неодамна објавен извештај, постојат неколку градови во светот кои се најдобри за жените кои сакаат да започнат свој бизнис. Тоа се Њујорк, крајбрежјето на Сан Франциско, Лондон, Стокхолм, Сингапур, Торонто, Вашингтон, Сиднеј, Париз и Сиетл.

Градовите се оценувани во пет категории: Маркет, капитал, талент, култура и технологија. Потоа тие биле поделени во две групи: Работна околина, што би значело пристап до пазарите и пристапот до капитал.

Но, тоа не значи дека ако не живеете во некои од овие градови треба да се откажете од вашиот претприемачки дух. Животот во тие неколку места на светот им го олеснува на жените пристапот до потребните ресурси. Но, глобализацијата и неверојатно брзото темпо на развој на технологијата, им овозможува на луѓето многу полесно да ги остварат зацртаните цели, само доколку имаат малку повеќе волја за тоа, без оглед каде живеат. Затоа, ако ги имате вистинските алатки до вас, позитивниот начин на размислување, развиена работна етика и малку среќа, можете да создадете чуда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар