Ајурведски домашни лекови за лесни симптоми на КОВИД-19 (кашлица, треска и замор) од aјурведски експерт

Ајурведски домашни лекови за лесни симптоми на КОВИД-19 (кашлица, треска и замор) од aјурведски експерт

Иако треската, кашлицата и заморот сè уште остануваат најчести симптоми поврзани со КОВИД-19 инфекциите, постојат неколку работи што луѓето можат да ги направат дома за да го зајакнат својот имунолошки систем и да закрепнат брзо. Сепак, луѓето со сериозни компликации мора да се чуваат под стручен надзор, а останатите со лесни симптоми во домашен карантин може да се третираат со некои едноставни домашни лекови.

Д-р Река Радхамони, aјурведски експерт , се огласи на својот профил на Инстаграм за да го сподели ајурведскиот протокол за третирање на лесни симптоми на КОВИД-19. Еве што сè предлага таа.

Хидратација

Д-р Реха предлага да пиете топла вода со ѓумбир. За да го направите овој лесен рецепт, варете малку вода со парче ѓумбир додека не се намали половина од водата. Пијте го повеќе пати на ден.

Храна

Имајте свежо зготвени и топли оброци. Подгответе супа од ориз во вашиот ручек и вечера. Не прејадувајте, всушност, оставете го стомакот полупразен по секој оброк. Обавезно вечерајте пред 19 часот.

Зачини

Сите знаеме дека индиските зачини имаат моќ да лекуваат. Така, додајте зачини како цимет, бибер, кардамон, анасон и каранфилче на вашите оброци. Вклучете и куркума и ѓумбир во прав.

Сон

Спијте 8 часа секоја вечер, а обидете се да не спиете во текот на денот.

Овошје

Ако сте асимптоматски, јадете овошје како калинка и грозје. Ако имате симптоми, прескокнете го овошјето целосно.

Зеленчук

Згответе го зеленчукот, а намалете ги салатите. Осигурете се да јадете многу тиквички, а намалете го внесот на модри патлиџани, домат, компир и пиперки.

Опуштете се

Зборувајте со луѓе, читајте книга, слушајте смирувачка музика и направете нешто што ќе ви помогне да се чувствувате опуштено и здраво. Вклучете медитација во вашата дневна рутина. Избегнувајте пушење и алкохол.

Билки

Ако имате кашлица, земете една лажица мед со црн пипер три до четири пати на ден. За болка во грлото, направете гаргара со топла вода во која може да додадете розова сол и куркума во прав.

Вежбајте

Ако имате симптоми и се чувствувате уморно, не правете каква било форма на физичка активност. Само вежбајте 30 минути Пранајама.

Прочитајте и за овие 3 дневни рутини за убавина што ќе ги позајмиме од ајурведата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар